TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пилотот преживеа, загинаа 18 лица

Време - 09.10.2008

Најмалку 18 луѓе загинаа во авионска несреќа на приватен авион во Непал, кој се урна при слетување на аеродромот „Лукла“, соопшти претставник на компанијата „Јети ерлајнс“. Пилотот кој ја преживеал несреќата е префрлен во болница во Катманду.

Во авионска несреќа во Непал загинаа 12 Германци

Утрински - 09.10.2008

Во авионска несреќа во Непал загинаа 12 Германци КАТМАНДУ - Дванасет германски туристи се меѓу 18-те кои загинаа кога патнички авион се урна во регионот на Еверест во Непал. Официјални претставници од аеродромот изјавија дека, најверојатно, вкупно 14 странци се загинати.

Најмалку 18 загинати во авионска несреќа во Непал

А1 - 08.10.2008

Најмалку 18 луѓе загинаа денеска во авионска несреќа на приватен авион во Непал, соопшти претставник на компанијата „Јети ерлајнс“. Меѓу загинатите има 12 Германци, а во авионот имало 19 луѓе.

НЕПАЛ - ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ЗАГИНАА 18 ЛУЃЕ

Телма - 08.10.2008

Најмалку 18 луѓе загинаа денеска во авионска несреќа на приватен авион во Непал, соопшти претставник на компанијата „Јети ерлајнс“. Меѓу загинатите има 12 Германци, а во авионот имало 19 луѓе.

Во авионска несреќа во Непал 18 мртви

Форум - 08.10.2008

Мал авион со туристи од Германија и Австралија, удирајќи во ограда, се запалил во Непал, во регионот на Еверест, утрово, при што загинале 18 од 19 луѓе во авионот. Во авионот имало 16 туристи, 12 германци, 2 австралијци и двајца од Непал, како и тројца членови на екипажот.

Најмалку 18 луѓе загинаа во авионска несреќа во Непал

Канал5 - 08.10.2008

Катманду, 8 октомври (МИА) -  Најмалку 18 луѓе загинаа денеска во авионска несреќа на приватен авион во Непал, соопшти претставник на компанијата „Јети ерлајнс“. Меѓу загинатите има 12 Германци, а во авионот имало 19 луѓе.

Загинаа 18 патници, пилот преживеал

Вечер Прес - 08.10.2008

Осумнаесет луѓе загинаа вчера во авионска несреќа на приватен авион во Непал, соопшти претставник на компанијата "Јети ерлајнс", додавајќи дека во него имало вкупно 19 патници и членови на екипажот. Меѓу загинатите имало 12 Германци, двајца Швајцарци, а другите биле Непалци, пренесува МИА.