TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лека ќе биде уредно поканет на суд

Дневник - 04.10.2007

Тетовскиот суд ќе се обиде на Даут Реџепи-Лека во Собранието да му ја достави поканата за судењето за непријавување на имотната состојба. Ако и тоа не успее, ќе му ја остави на домашната адреса и тоа ќе го смета за уредна достава.

По наследството, Лека ќе пополни имотен лист

Дневник - 04.10.2007

Пратеникот на ДПА Даут Реџепи, познат како командант Лека, ќе го пополни анкетниот имотен лист, откако ќе добие во наследство куќа и неколку ниви во родното село Порој. Антикорупциската комисија поднесла барање за поведување прекршочна постапка против Лека, но поради неуредна достава, тетовскиот ...

Лека чека наследство од 200.000 евра

Вечер Прес - 04.10.2007

Пратеникот на ДПА Даут Реџепи-Лека очекува наскоро како наследство да добие имот вреден околу 200.000 евра. Вели дека дури потоа ќе го пополни анкетниот лист за имотната состојба кој треба да го достави до Антикорупциската комисија.

Прекршочна постапка против Лека оти не доставил анкетен лист

Утрински - 03.10.2007

ТЕТОВО - Во Одделението за прекршоци во Основниот суд во Тетово во тек е прекршочна постапка за актуелниот пратеник на ДПА Даут Реџепи-Лека од тетовското село Порој. Барање за поведување постапка поднела Државната комисија за спречување корупција.

Тетовскиот суд залудно го кани Лека

Дневник - 03.10.2007

Антикорупциската комисија поднесла барање за поведување прекршочна постапка против пратеникот од ДПА, Даут Реџепи-Лека поради непотполнет анкетен лист за имотна состојба. Но, поради неуредна достава Тетовскиот суд не може да го процесуира предметот.

Лека недостапен за судот

А1 - 02.10.2007

Пратеникот на ДПА, Даут Реџепи Лека, веќе неколку месеци е недостапен за Основниот суд Тетово. Со тоа не може да се реализира барањето на Државната комисија за спречување на корупција за поведување на прекршочна постапка против пратеникот Лека за непополнување на анкетен лист за имотна состојба.

Прекршочна постапка против пратеникот од редовите на ДПА - Даут Реџепи Лека

Канал5 - 02.10.2007

Државната комисија за спречување на корупција, поднесе барање за прекршочна постапка против пратеникот од редовите на ДПА Даут Реџепи Лека, поради тоа што во законскиот рок не го доставил анкетниот лист за состојбата на неговиот имот.