TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Time.mk v3.0, со три суперкатегории
На барање на голем број посетители за попрецизна класификација на содржините на Time.mk, од денес содржините ќе се презентираат во 3 поголеми суперкатегории (ВЕСТИ, ЖИВОТ и СПОРТ),
и 22 подетални категории.

Трите суперкатегории се мини-верзии на Time.mk специјализирани за дневно-политички вести, забавни портали и спортски вести, така што доколку некој е заинтересиран да следни само одредена категорија, на пример спорт, може во bookmarks да ја зачува, пример time.mk/topic/sport, и директно да оди на таа адреса. После одредено време Time.mk сам ќе одреди која е вашата default суперкатегорија.

Друг бенефит е и тоа што страниците на трите суперкатегории се значително пократки, побрзо се вчитуваат и непостои промена на содржината помеѓу политика, забава и спорт, туку опуштено следите што е најново, без да се вознемирувате од политичките вести, и обратно доколку следите политички вести, нема да бидете "вознемирени" со вести од забавните портали (пример категорија Интима).

Исто така, две поголеми категори, Спорт и Живот, се разделени на 10 попрецизни категории, Спорт во Фудбал, Кошарка, Ракомет, Тенис, Автомото и останати спортови, и Живот во Храна, Здравје, Стил и Живот.

Се надеваме дека на овој начин поефективно ќе можете да ги следите најновите информации од областите што се од ваш интерес. За сите стари и нови категории постојат RSS канали кои можат да се најдат на оваа адреса: time.mk/topic/rsspage.

Со зголемување на бројот на категории (22) потешко е точно да се одреди категоријата на одреден текст, затоа на почеток очекуваме поголем процент на грешки, кои со тек на време, додека системот учи од веќе категоризираните текстови, ќе се намалуваат, но сепак доколку забележите некаква аномалија слободно известетене по емаил ([email protected]) со screenshot од екранот каде сте ја виделе грешката. Однапред ви благодариме.


Ви благодариме на довербата,
Time.mk
21 Октомври 2010


Останати текстови: