TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Bye Bye TIME.mk frames
Потписниците на иницијативата налагаат порталите кои ги реобјавуваат нивните авторски содржини по принцип на агрегација на информациите, дека тоа ќе можат да го прават под следниве услови:,
  • ...
  • да се преземаат наслов и поднаслов (вовед) на веста во должина до 180 карактера, а оние фотографии кои се оригинални да се преземаат во димензии не поголеми од 90x90 пиксели
  • преземената информација да се отвора со еден клик во нов прозорец на прелистувачот, во кој читателот ќе биде однесен со директен URL до сајтот од каде е преземена информацијата и тоа без присутната рамка на сајтот агрегатор.
  • ...
TIME.mk и досега ги задоволуваше сите останати услови, освен двата обележани. Со цел да сме целосно на страната на законот и избегнеме тужба од медиумите, приморани сме да ја тргнеме рамката (frame) во која беа прикажувани поврзаните вести. Одсега, секој сајт кој ќе побара да биде отстранет од рамката ќе мораме да го почитуваме и да поставуваме директни линкови до нивните содржини .

Исто така со тоа е отежнат и начинот за споделување на "приказните" (кластери од поврзани вести) затоа што таму беа поставени линковите за споделување со Facebook и Twitter. Во меѓувреме, додека најдеме друго решение, ве молиме за споделување користете ги линковите на насловната страна кои водат до кластерите од поврзани вести, како на пример овој поврзани вести (52).


Со почит,
TIME.mk

8 Април, 2010



Останати текстови: