TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Tuesday, Feb 13 at 09:00h - Feb 15 at 12:00h

Already started

GUESTS

136interested
50going
3invited

Details


ФИНКИ во соработка со ИКТ индустријата во Македонија започнува серија на настани, наречена FINKI Industry Learn & Talk, насочени кон споделување на знаења и искуства меѓу ИКТ компаниите. Целта е настаните е да претставуваат заеднички простор, каде ќе се разменуваат искуства, ќе се промовираат технологии и ќе се споделува знаење меѓу компаниите. ФИНКИ останува отворен за ИКТ компаниите да предложат теми за идните настани како и активно да се вклучат во истите со свои експерти.

Првиот FINKI ILT 2018#1 насловен "Cloud Days" ќе се одржи од 13 дo 15 февруари, каде вработените во ИКТ секторот и Tech-ентузијастите ќе се фокусираат на cloud технологијата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со нови технологии и да разменат искуства преку интеракција со компании кои работат директно со  cloud технологиите.

Настанот ќе опфаќа теми како што се cloud architecture и cloud провајдери, микросервиси, и serverless architecture. Процесот на споделување на знаења ќе се реализира во форма на работилници, со презентации и практични демонстрации од страна на предавачите, на нивните искуства со користењето на овие IT технологии, како и дискусии и сесии со прашања и одговори со публиката. Како што укажува самото име, целта е учесниците да научат преку дискусија. 

На настанот може да присуствуваат најмногу 80 учесници, од кои 50 ќе бидат претставници од IT индустријата, додека пак останатите 30 ќе бидат одбрани студенти. Сите заинтересирани компании можат да ја видат програмата и да се покажат интерес за учество на еден или повеќе денови на следниот линк: https://www.ilt.finki.ukim.mk/.