TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

243interested
55going
36invited

Details


Со радост и задоволство ви соопштуваме дека излезе од печат монографијата  „Марков манастир - Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“, во авторство на игуманијата Илијана, во издание на ПНВ Публикации, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. 

По тој повод, на 13 февруари (вторник), со почеток од 19:00 часот, во свечената сала на Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, ќе се одржи промоција на изданието.
Промотори на монографијата ќе бидат проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. д-р Јован Белчовски.

Монографијата  „Марков манастир - Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“ е труд кој е посветен на различни аспекти од вековното опстојување на манастирот. Во изданието се опфатени различните димензии кои ја даваат пошироката слика на манастирот, тргнувајќи од историско-културниот аспект, па сѐ до естетската димензија и духовно-монашкиот елемент низ вековите па сѐ  до денес. 

Ја користиме оваа можност да упатиме покана за Вашето присуство на настанот.