TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Tuesday, Feb 13 at 17:00h - 20:00h

Already started

GUESTS

43interested
6going
56invited

Details


Почувствувајте ја љубовта во вас и отворете го срцето.
Тричасовна креативна  работилница посветена на љубовта, интеграција на гешталт техники и  декупаж   преточени во  креативност.
“Ако имаш љубов, не ти треба ништо друго , ако ја немаш се што имаш не е важно.”  J. M. Barrie
Љубовта едно од најсилните  чувства , двигател на активност и извор на задоволство и среќа. Се што сакаш да бидеш, да направиш или да имаш доаѓа од љубовта.Без љубов ти не би се движел, не би постоела позитивна сила да те придвижи да станеш  наутро, да работиш, да се забавуваш, да танцуваш, да разговараш, со љубовта ја имаш  моќта на здравјето.... Дојдете и развијте свесност за љубовта во вас , како ја доживувате, како ја изразувате, како ја давате, како ја примате...
Почувствувајте го  овој извор на моќ и  изразете го во вашата креативност , создавајќи креативен  ппродукт со  техниката Декупаж. Љубовта е извор на креативноста.
На крајот од работилницата секој учесник си заминува со креативен продукт, инспириран од  љубовта , соодветно спакуван и спремен за подарување.
Љубовта е најјака  сила која светот може да си ја дозволи, а истовремено и најскромна ке каже  Махатма Ганди.

Работилницата е искуствена и креативна, ограничен  број на учесници.
Пријавувањето  и уплатата е задолителна, за секој учесник ќе се набават материјали за работа и секој заминува со свој креативен производ инспириран од љубовта.

Пријавување и уплата  најкасно до 10.02.2018год
АНИМА  - центар, Скопје
Жиро сметка   сметка :   210071716410172 
НЛБ Тутунска банка
Цена 1000  денари
Време на одржување: 13.2.2018 (вторник)  од 17 до 20 часот
Реализатори:  
Вера Димовска - лиценциран психолог/психотерапевт, европски сертификат за гешталт терапија
Владанка Димитрова Урошева -  креативец, креатор на Купи украс

Информации и пријавување на
Е – mail:  anima.centar@gmail.com
Телефон 071 87 12 13