TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

GUESTS

181interested
0going
0invited

Details


Како одоговор на поголемиот број на барања на заинтересирани поединци и претставници на јавни институции, организации и компании од Битола, ПроЕфект ја организира својата следна Основна Обука за планирање предлог проекти од ЕУ и други донатори во Битола, во соработка со Мегасофт Плус на:
- 13-14 февруари (вторник- среда), во рамките на која се организира и бесплатна сесија за отворените грант повици на 13/02/2018 од 9:30 до 11:30.

На бесплатните сесии може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кои ќе се претстават сите отворени повици за грант поддршка на EU (со крајни рокови до мај 2018).

Обуката се одржува во просториите на Мегасофт Плус (Климент Охридски лам. 4/2 Битола во згрaдата на Пелагонка 2 , на втор спрат) со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато искуство од над дваест години на работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.

Понудата вклучува дводневна обука за планирање предлог проекти и последователни 4 часа за менторство (кои може да се распределат на 2-3 средби од по 1-2 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) од една од следниве ЕУ и други донаторски програми (кои се отворени во моментов):

1.Повик за доделување грантови за граѓански организации на Норвешка амбасада (грант програма менаџирана од БТД) за зајакнување ЕУ интерграции на Македонија, Црна Гора и Србија (Рок: отворен) 
2. Повик за доделување на под-грантови во рамки на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ на НРЦ и Публик. (Рок: 15/02/2018) 
3. Повик за партнерски грантови на Проектот за граѓанско учество на УСАИД (Рок: 20/02/2018) 
4. Повик за поднесување Проектни концепти на Глобален Еколошки Фонд - ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ (Рок: 28.02.2018) 
5. Повик до граѓански организации за доделување грантови на Проектот „Промени за одржливост (Рок: 1.03.2018)
6. Повик за концепти за Програмата за мали грантови на амбасадата на САД (Рок: 01/03/2018) 
7. Повик за мали грантови на Фондот „Градиме мостови“ (Рок: 1.03.2018)
8. Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија (Рок: Февруари/Март 2018) 
9. Повик за грантови на НЕД (National Endowment for Democracy) (Рок: 16.03.2018)

Програмата Ерасмус + на ЕУ поддржува проекти, партнерства и настани во областа на образованието, обука, млади и спортот, ги има следните отворени повици: 
1. КА2. Алианси на знаење – Соработка за инивации и размена на добри практики (Рок: 28/02/2018) 
2. КА2. Алианси на Секторски вештини – Соработка за инивации и размена на добри практики (Рок: 28/02/2018) 
3. Жан Моне активности 2018 (Рок: 22/02/2018) 
4. КА1. Еразмус мундус заеднички магистерски студии (Рок: 15/02/2018) 
5. КА 2: Развој на капацитетите во областа на младите (Рок: 08/03/2018) 
6. КА 2: Стратешки партнерства во областа на образованието и обуката (Рок: 21/03/2018) 
7. КА 3: Европски експериментирања во донесувањето политики (Рок: 04/04/2018)
8. Активности Спорт (Партнерства за соработка, Мали партнерства за соработка и Непрофитни Европски спортски настани) (Рок: 05/04/2018)

Дополнително за аплицирање во Македонија се следниве термини: 
1. Мобилност на индивидуи во областа на младите (Рок: 26/04/2018) 
2. Стратешки партнерства во областа на млади (Рок: 26/04/2018) 
3. Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите (Рок: 26/04/2018) 

Во делот на МЕДУМИ, програмата Creative Europe ги има следниве отворени повици: 
1. Поддршка за настапот на пазари (Рок 15/02/2018)
2. Поддршка на филмска едукација (Рок 01/03/2018)
3. Поддршка на меѓународни копродукциски фондови (Рок 06/03/2018)
4. Поддршка во развојот на ЕУ видео игри 2018 (Рок 8/03/2018)
5. Промоција на Европски работи онлајн 2018 (Рок 5/04/2018)
6. Поддршка на подготовка на аудиовизулени содржини-поединечни проекти (Рок. 19/04/2018)
7. Поддршка на фестивали 2018 (Рок. 26/04/2018)
8. Поддршка на ТВ Програмирање 2018(Рок. 24/05/2018)

Програмата Европа за граѓаните има 4 отворени повици сите со краен рок 1.03.2018:
1. Европско сеќавање 2018
2. Проекти за граѓански организации 2018
3. Збратимување на градови 2018- 1 рунда
4. Вмрежување на градови 2018- 1рунда

Програмата за Вработување и социјални иновации на ЕУ (EaSI) ги има следниве отворени повици:
1. EaSI-PROGRESS –Повик за грантови за социјални иновации и национални реформи: Иновативни стратегии за работен-животен баланс за да се фацилитира помираување на професионалкните и домашните обврски (Рок: 18/04/2018)
2. Поддршка на трансакиските трошоци за поддршка на финансиите на социјалните претпријатија – трет рок (Рок: 15/04/2018)

COSME програмата за развој на конкуретноста на малите и средни претпријатија има еден отворен повик:
1. Европски партнерства за стратешки кластери за паметни специјализаирани инвестиции (Рок: 8.03.2017)

Во зависност од интересот учесниците ќе дознаат и за 20-на постојано отворени повици за грант поддршка во текот на целата година. 

Посебен фокус ќе биде даден и на отворените повици на Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, Horizon2020, кои имаат крајни рокови до Април 2018.
Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците. 

Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 15% попуст на котизацијата за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци (т.е. плаќаат 8.100 мкд). Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај третото лице ќе ја следи обуката за 3800 мкд,(или за само 40%), т.е. сите три учесници ќе треба да платат котизација во просек од 7.600 мкд од учесник)). За платени три полни котизации (или вкупно 28.500 мкд) 4-тот учесник е гратис (т.е. во просек по учесник по 7.125 мкд) . 

Пополнетата апликација за учество (на следниот линк:https://goo.gl/forms/1Sw8bmm1urb7qRxl2 ) треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на (про)фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје. За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата info@proefekt.mk