TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

24 Вести

Ковачевски: Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија

24 Вести - пред: 8 часа

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес конференција порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле и тоа го прифаќаат. - Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме.

45 поврзани вести »

Мицкоски: Ова е победа на народот, цунамито се крена

24 Вести - пред: 8 часа

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прави голема грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. - Оваа власт паѓа.

48 поврзани вести »

Димитриевски: ЗНАМ полека ја испишува новата политичка историја

24 Вести - пред: 8 часа

„За мене е поголема чест што вечерва можам да кажам дека ЗНАМ ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена. Се роди третата политичка сила во Македонија која во наредниот период имаме намера да ја надоградиме и граѓаните да ...

49 поврзани вести »

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, продолжувам во вториот круг

24 Вести - пред: 8 часа

Пендаровски вечерва рече дека по изборниот резултат нема да го зафати малодушност, дека продолжува понатаму во вториот круг. Вечерва порача дека изборните резултати од првиот круг не се такви како што очекувале во неговиот изборен штаб.

123 поврзани вести »

ДИК обработи скоро 80% од гласовите

24 Вести - пред: 8 часа

Гордана Силјановска Давкова е во убедливо водство во претседателската трка со останатите шест кандидати. Според последните обработени 80% од податоци на ДИК, Гордана Сиљановска Давкова досега освоила 287.192 гласови или 39,93% отсто.

353 поврзани вести »

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

24 Вести - пред: 9 часа

Тапани и знамиња пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, молк и воздржаност кај СДСМ, е атмосферата од изборните штабови што ја пренесуваат репортерите на Радио Слободна Европа (РСЕ) откако Државната изборна комисија (ДИК) вечерва почна да објавува првични ...

3 поврзани вести »

Касами: Влен е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците

24 Вести - пред: 9 часа

Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза, изјави вечерва Билал Касами. - Влен е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците.

78 поврзани вести »

Силјановска-Давкова: Горда сум особено на граѓаните, без граѓани нема Македонија!

24 Вести - пред: 9 часа

Горда сум на граѓаните, не саmо на оние кои гласаа за мене. Горда сум и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, без нив немаше да го запшознаам народот, ниту тој мене и на коалиционите партнери… Посебно сум горда на жените во Македонија, истакна кандидатот за ...

43 поврзани вести »

Ванковска: Во земјава се одвиваат два паралелни изборни процеса

24 Вести - пред: 9 часа

Кандидатот за претседател на државата предложен од Левица, Билјана Ванковска вечерва изјави дека двојно зголемената излезност во споредба со претседателските избори од 2019 година, зборува за поголемата понуда што ја имаа граѓаните, но и за ...

76 поврзани вести »

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе на Сиљановска

24 Вести - пред: 9 часа

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Со оглед на поразот, рече дека не е задоволен од изборниот резултат.

353 поврзани вести »

Османи: Фронтот за Европа станува локомотива за европската иднина на нашата држава

24 Вести - пред: 9 часа

Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава, изјави Бујар Османи, кандидат на ДУИ и коалицијата, на денешните претседателски избори. Тој изрази благодарност до сите кои ја поддржаа неговата кандидатура, но и ...

75 поврзани вести »

Силјановска Давкова ќе има обраќање во 22 часот

24 Вести - пред: 9 часа

Во 22 часот прес конференција ќе одржи претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Според најнови податоци на ВМРО-ДПМНЕ, на 60 отсто обработени избирачки места, Давкова води со над 130 илјади ...

353 поврзани вести »

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова - 38,51%, Стево Пендаровски - 18,93%

24 Вести - пред: 10 часа

Првичните нецелосни резултати од деншниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на каднидатката на опозицијата Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

353 поврзани вести »

Кузеска: Уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

24 Вести - пред: 11 часа

Портпаролката на СДСМ и дел од изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски, Богданка Кузеска вечерва соопшти дека изборниот ден поминал во демократска атмосфера. Според неа, констатирани се многу мали прекршувања на изборниот процес, кои ги ...

30 поврзани вести »

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска ...

24 Вести - пред: 11 часа

Денеска на заедничка прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнитениот заменик министер Митко Бојмацалиев во присуство на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и помошник министерот за односи со јавност ...

114 поврзани вести »

Билјана Ванковска гласаше во Карпош

24 Вести - пред: 11 часа

Кандидатката за претседател Билјана Ванковска гласаше во “ОУ Јан Амос Коменски“ во кое и учела. За неа, претседателските избори претставуваат политичка битка во која со давање глас за себе се изразува сопствената убеденост во тоа што се претставува.

76 поврзани вести »

Излезноста од гласањето за првиот круг од претседателските избори до 18:30 часот е 48,46 проценти

24 Вести - пред: 11 часа

Излезноста на гласачите до 18:30 часот од обработени податоци од 3.174 избирачки места е 48,46 проценти, односно на гласање излегле 801 074 гласачи. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека најголема излезност ...

260 поврзани вести »

Таравари: Изборите да бидат фер и демократски, нека победи подобриот

24 Вести - пред: 11 часа

Кандидатот Арбен Таравари по гласањето ја оцени атмосферата како добра, со ентузијазам и масовна излезност на гласачите како добар знак за опозицијата. Сепак, тој укажа и на тоа дека има доста забелешки кои се процесуираат.

78 поврзани вести »

Максим Димитриевски гласаше во Куманово

24 Вести - пред: 11 часа

Кандидатот Максим Димитриевски гласаше во Куманово и посака успешни избори на кои ќе победи демократијата. Тој повика на масовна излезност и поддршка за тој кандидат за кој гласачите сметаат дека заслужува и дека тој ќе ка почитува волјата на ...

49 поврзани вести »

Гордана Силјановска-Давкова гласаше во Дебар маало

24 Вести - пред: 11 часа

Кандидатката Гордана Силјановска-Давкова гласаше во Дебар маало (ОУ Коле Неделковски). Таа им посака успех на сите и укажа на тоа дека таа никогаш не агитира за себе а дека граѓаните знаат за кого да гласаат затоа што лесно може да се донесе одлука ...

353 поврзани вести »