TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МакФудбал

Ин Мемориам: Велибор Џаровски – Џаро

МакФудбал - пред: 28 мин

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија, потврди семејството. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше ...

68 поврзани вести »

Грем Потер ќе биде нов тренер на Ајакс?

МакФудбал - пред: 42 мин

Холандскиот гигант Ајакс е блиску до ангажман на поранешниот менаџер на Челси, Грем Потер, тврдат медиумите во Англија. Претходно фаворит за клупата на Ајакс беше Чави Хернандез, но откако се случи пресврт и тој најверојатно ќе остане на клупата на ...

2 поврзани вести »

Енцо Фернандез оди на операција, ја заврши сезоната

МакФудбал - пред: 1 час

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез, оваа сезона повеќе нема да игра за клубот бидејќи ќе биде опериран од ингвинална хернија, објави аргентинското издание „Оле“. Поради ова, ќе му требаат неколку недели да се опорави.

11 поврзани вести »

Судиска анализа на ФФМ: Недосуден пенал за Струга ТЛ во Ѓорче Петров

МакФудбал - пред: 2 часа

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 28 коло на Прва МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Струга Трим Лум одигран на 21.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 29 минута.

4 поврзани вести »

Ренџерс и Селтик во трка за Миовски, ќе треба да платат 8 милиони фунти

МакФудбал - пред: 2 часа

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е трансферна цел на двата најголеми шкотски клубови, Селтик и Ренџерс. Тој има одлична сезона во дресот на Абердин за кој постигна 24 гола, а се најде и во најдобриот тим на сезоната.

16 поврзани вести »

ПСЖ постави нов рекорд во Франција, а и Мбапе го подобри личното достигнување

МакФудбал - пред: 3 часа

Пари Сен Жермен допрва треба да ја потврди новата титула во Лига 1, но францускиот гигант продолжува да испишува историја во домашната лига. Парижаните со вчерашниот успех против тимот на Лориен (1-4) ја продолжија низата без пораз на гостински ...

15 поврзани вести »

Ван Дајк: Нема како да ја освоиме Премиер-лигата со ваква игра

МакФудбал - пред: 4 часа

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк, беше крајно разочаран по поразот од 0-2 во дербито со Евертон, што практично стави крај на амбициите на тимот за титулата во Англија. Само чудо би им помогнало на „црвените“ во борбата против Арсенал и ...

56 поврзани вести »

Клоп: Можам само да им се извинам на навивачите

МакФудбал - пред: 4 часа

Ливерпул во голема мера стави крај на сништата за титулата во Премиер – лигата откако претрпе пораз од 2-0 во градското дерби против Евертон. Јирген Клоп им се извини на навивачите по неубедливиот настап на „црвените“.

56 поврзани вести »

Чави се согласил да остане на клупата на Барселона и следната сезона

МакФудбал - пред: 4 часа

Големата тема за иднината на тренерската позиција на Барселона доживеа пресврт. Чави Хернандез ги договорил сите детали да остане на клупата и следната сезона. Чави имал важна средба во четири очи со претседателот Жоан Лапорта, на која бил убеден да ...

51 поврзани вести »

Евертон му пресуди на Ливерпул во шампионската трка (ВИДЕО)

МакФудбал - пред: 14 часа

Ливерпул потклекна на „Гудисон парк“, загуби со 2-0 од градскиот ривал Евертон и тоа веројатно е крај на надежите за освојување на шампионската титула оваа сезона. Јирген Клоп ќе си замине без посакуваниот трофеј од кормилото откако „црвените“ беа ...

56 поврзани вести »

Црвена Звезда го победи Партизан и се пласира во финалето на Купот на Србија (ВИДЕО)

МакФудбал - пред: 16 часа

Црвена Звезда го победи Партизан и во полуфиналето на Купот на Србија славејќи со 2-0. Откако пред неколку дена славеа и во првенството, „црвено-белите“ уште еднаш потврдија дека се подобар ривал и на куп-дуелот на стадионот „Рајко Митиќ“.

11 поврзани вести »

Мбапе и Дембеле го решија Лориен (ВИДЕО)

МакФудбал - пред: 16 часа

Пари Сен Жермен го победи Лориен на гости со 1-4 и е на прагот на освојување на нова шампионска титула во Франција. Разликата на врвот е голема, а „светците“ би можеле и официјално да слават веќе во следното коло.

15 поврзани вести »

ПСЖ го избра Осимен за наследник на Килијан Мбапе

МакФудбал - пред: 18 часа

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, наскоро би можел да стане играч на Пари Сен Жермен, пренесува „Ил Матино“. Според изворот, италијанскиот калчолигаш очекува официјална понуда од парижаните во висина од 120 милиони евра.

4 поврзани вести »

Трент: Ливерпул игра пет финалиња до крајот на сезоната во Премиер-лигата

МакФудбал - пред: 20 часа

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд верува дека „црвените“ сѐ уште имаат шанси да ја освојат титулата во Премиер – лигата оваа сезона. „Мислам дека во оваа фаза од сезоната веројатноста Манчестер Сити да изгуби бодови е мала.

Тебас: Гол – технологијата е неисплатлива инвестиција за Ла Лига

МакФудбал - пред: 20 часа

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, објасни зошто не е исплатливо да се воведува технологија на гол-линијата во шпанскиот шампионат. „Тоа не е совршена технологија и тоа е првата причина.

31 поврзани вести »

Милан го сака Доменико Тедеско за нов тренер?

МакФудбал - пред: 21 часа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Доменико Тедеско, би може следната сезона да го води Милан. „Росонерите“ на крајот од оваа сезона евидентно ќе се разделат со Стефано Пиоли.

2 поврзани вести »

Рангник: Ако Баерн ми каже, „те сакаме“, тогаш ќе морам да се прашам дали и јас тоа го сакам

МакФудбал - пред: 22 часа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Ралф Рангник, призна дека имал разговор со шефовите на Баерн Минхен и за тоа го информирал раководството на австриската фудбалска централа.

17 поврзани вести »

Гвардиола потврди, Сити без Ерлинг Халанд на дуелот против Брајтон

МакФудбал - пред: 22 часа

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска потврди дека Ерлинг Халанд не е подготвен за претстојниот дуел со Брајтон. На прес-конференцијата шпанскиот стратег потврди и дека Фил Фоден и Џон Стоунс се опоравиле од полесни повреди.

12 поврзани вести »

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Арне Слот

МакФудбал - пред: 23 часа

Ливерпул ја продолжува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Оваа недела беше откриено дека шефот на Феенорд, Арне Слот моментно е на врвот на листата на „црвените“. Англискиот гигант веќе стапил со челниците на освојувачот на Купот на Холандија.

29 поврзани вести »

Дамфрис сака да го продолжи договорот со Интер

МакФудбал - пред: 23 часа

Дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, зборуваше за можно продолжување на договорот со тимот. „Сѐ уште не сме разговарале за тоа бидејќи сите размислувања беа за „скудетото“. Ме очекува ЕВРО 2024, никогаш не знаете како ќе се развиваат работите, но ...

45 поврзани вести »