TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сител

Филипче најави тужба за клевета против Николоски и го нарече „кафански озборувач“

Сител - 22.04.2024

„Политичката култура на Александар Николоски спадна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач“.

84 поврзани вести »

Николоски: Од каде пари на Филипче за ауди од 250 илјади евра и за хациендата на Водно?

Сител - 22.04.2024

„Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува.

84 поврзани вести »

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка

Сител - 22.04.2024

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека шефот на военото разузнавање Ахарон Халива поднел оставка поради неуспехот да го спречи терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

137 поврзани вести »

Минатата недела санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Сител - 22.04.2024

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

35 поврзани вести »

Во март зголемен бројот на заболени со овчи сипаници, регистрирани и случаи на заушки

Сител - 22.04.2024

Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биел овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат ...

Мицкоски до Ахмети: Многу брзо и кексито и млекото ќе ти преседнат

Сител - 22.04.2024

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во првата изборна единица, Христијан Мицкоски, објави на Фејсбук дека вчера ја повикал албанската опозиција на обединување против власта и изразил јавна намера дека веднаш по изборите, уште првиот ден ...

161 поврзани вести »

Ахмети до Мицкоски: Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите

Сител - 22.04.2024

Со скандирање „УЧК“ од говорницата на неделниот митинг во Скопје, Али Ахмети следен со извиците на присутните, му порача на лидерот на ВМРО ДПМНЕ да внимава кога зборува за граѓаните со дискриминаторски јазик, особено кон Албанците.

161 поврзани вести »

113 санкции за брзо возење

Сител - 22.04.2024

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се ...

35 поврзани вести »

Во рускиот град Вороњеж гори голема фабрика

Сител - 22.04.2024

Руските медиуми утринава известуваат за пожар во фабриката „Елмаш“, во рускиот град Воронеж, изјави Антон Герашченко, поранешен советник на украинското Министерство за внатрешни работи. Според него пожарот зафатил околу 3.000 метри квадратни.

Се преврте автобус на автопат во Германија, повредени се 27 ученици

Сител - 22.04.2024

Двокатен автобус со средношколци од германскиот град Марбург северно од Франкфурт се преврте во регионот Зауерланд на пат кон Англија. Според полицијата, повредени се 27 ученици на возраст од 14 до 15 години, од кои четворица потешко.

Се одбележува Денот на планетата Земја

Сител - 22.04.2024

Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја, меѓународна иницијатива чија главна цел е да ја подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата. Денот на Земјата се чествува по 55. пат.

17 поврзани вести »

Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април

Сител - 22.04.2024

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе ...

189 поврзани вести »

Протест на приватните специјализанти пред Министерството за здравство

Сител - 22.04.2024

Приватните специјализанти денеска под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство. - Се решивме на протест под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ со цел повторно да го кренеме гласот за ...

Началникот на израелскиот воен штаб одобри продолжување на војната во Газа

Сител - 22.04.2024

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија. Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари.

137 поврзани вести »

Пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Сител - 22.04.2024

Најмалку пет ракети се истрелани денеска од ирачкиот пограничен град Зума кон американската воена база во североисточна Сирија, соопштија два ирачки безбедносни извори и висок воен офицер.

24 поврзани вести »

Денеска седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Сител - 22.04.2024

Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, а Србија и Косово ќе ги претставуваат претседателите ...

18 поврзани вести »

Сончево со локални врнежи дожд

Сител - 22.04.2024

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе ...

104 поврзани вести »