TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Спортманија

Модриќ се подготвува за пензија, си купи стан во Загреб на 1,4 милион евра

Спортманија - тукушто објавено

Капитенот на хрватската репрезентација и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, потроши 1,4 милион евра за пентхаус од 220 квадати во центарот на Загреб. Зградата е нова и е целосно изградена од природни материјали и се наоѓа во близина на Каптол ...

Перес поради Мбапе бара Мадрид да ги менува законите

Спортманија - пред: 19 мин

Локалните власти во Мадрид подготвуваат да донесат нов закон со кој странците кои ќе се доселат во главниот град на Шпанија ќе плаќаат помал данок за дури 20 отсто, објави весникот „Мундо Депортиво“.

8 поврзани вести »

Шок за УЕФА, Белорусите ќе го пренесуваат ЕП 2024 без да платат за ТВ права

Спортманија - пред: 52 мин

Верувале или не, белоруската телевизија ќе врши преноси од Европското првенство во фудбал без да ги плати скапите ТВ права. Како што е познато, пред две години УЕФА донесе одлука да ги исфрли руските клубови и репрезентации од сите свои ...

Дали ќе биде 2-0 во победи или 1-1, не е сеедно (Фото)

Спортманија - пред: 1 час

Бостон селтикс е голем фаворит против Мајами хит и во вториот нивен меч од првото коло на плејофот во НБА лигата, а ако мислите дека гостите ќе загубат со разлика до 14 поени или дури дека ќе победат, може одлично да заработите ако уплатите во Sport ...

Голманот Лунин првпат проговори околу спорниот момент на Ел Класико (Видео)

Спортманија - пред: 2 часа

Украинскиот голман Андриј Лунин, кој сезонава во отсуство на Тибо Куртоа го чува голот на Реал Мадрид, негира дека топката влегла во неговиот гол за време на дербито против Барселона во неделата вечер.

2 поврзани вести »

Мусијала: Со Белингам од деца сонувавме да играме на големи мечеви!

Спортманија - пред: 2 часа

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, со нетрпение го чека првиот дуел против добриот пријател Џуд Белингам од Реал Мадрид од полуфиналето на ЛШ. Двајцата се познаваат одамна, а на терен имаат играно заедно во дресот на младинска англиска ...

20 поврзани вести »

О‘Саливен: Не сум најдобриот снукер играч на сите времиња

Спортманија - пред: 3 часа

Седумкратниот светски шампион, Рони О’Саливен, не мисли дека е најдобриот снукер играч на сите времиња, иако во моментов на Светското првенство во „Крусибл театарот“ во Шефилд се бори да ја освои рекордната осма титула.

Ако Алегри остане тренер на Јуве, Федерико Кјеза ќе си замине од клубот

Спортманија - пред: 3 часа

Федерико Кјеза има понуда за нов договор од Јувентус, но уште не го потпишува, го чека летото за да ја види разверската околу иднината на тренерот Масимилијано Алегри на клупата на најтрофејниот италијански клуб.

Нови два меча евролигашки плејоф, голема понуда на играчи во Sport Life (Фото)

Спортманија - пред: 4 часа

Вечерва своите први мечеви од четвртфиналето на Евролигата ќе ги одиграат Монако против Фенербахче и Барселона со Олимпијакос. Според квотите во Sport Life, фаворити на хартија се домашните екипи, но тоа не значи дека сигурно ќе победат, доказ е ...

Познато е со каква порака на маиците ќе излезат играчите на Партизан против Црвена ѕвезда (Фото)

Спортманија - пред: 4 часа

Играчите на фудбалскиот клуб Партизан на денешниот натпревар од Купот на Србија против Црвена ѕвезда, на терен ќе излезат со маици на кои ќе има упатено порака до челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).

5 поврзани вести »

Најдобриот скијач во историјата се враќа на патеките, но изненади со изборот на државата која ќе ја претставува

Спортманија - пред: 5 часа

Најдобриот и најтрофеен скијач во историјата, Марсел Хиршер, после пауза од пет години повторно ќе може да го гледаме на скијачките терени. Тој се одлучи да ја прекине пензијата и на 36-годишна возраст повторно да се врати на натпреварите од ...

10 поврзани вести »

Барселона правдата ќе ја бара на суд: Лапорта го тужи Фудбалскиот сојуз на Шпанија

Спортманија - пред: 5 часа

Не стивнуваат реакциите во Шпанија после вечното дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона, кое „кралевите“ го добија со 3-2, но од каталонскиот табор сметаат дека се оштетени за непризнат гол на Ламине Јамал при резултат 1-1.

30 поврзани вести »

Ракитиќ со порака до Модриќ: „Ако дојдеш во Саудиска Арабија, мораш да потпишеш за нас“

Спортманија - пред: 6 часа

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, има договор со Реал Мадрид уште само два месеци и неговата иднина на „Сантијаго Бернабе“ останува неизвесна. „Кралскиот“ клуб се уште му нема понудено продолжување на договорот, а клубовите од Саудиска ...

3 поврзани вести »

Арсенал испука петарда против Челзи, па Артета изненадувачки упати пофалби за Покетино

Спортманија - пред: 7 часа

Фудбалерите на Арсенал немаа милост за градскиот ривал Челзи и победија со убедливи 5-0 во меч од Премиер лигата. Тоа е највисоката победа на „топчиите“ во меѓусебните натпревари, а шпанскиот тренер на клупата на Арсенал, Микел Артета, после мечот ...

51 поврзани вести »

Белингам блеска во дресот на Реал, од неговите игри тријат раце и во Борусија Дортмунд

Спортманија - пред: 7 часа

Ангажманот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд се покажа како вистински потег на Флорентино Перес и Реал Мадрид. Англичанецот уште во првата сезона се промовира себеси во еден од најдобрите фудбалери на „кралскиот“ клуб и сосема ги оправда парите ...

20 поврзани вести »

На Тен Хаг сите му се виновни: „Поставуваш многу прашања, срамота е“

Спортманија - пред: 8 часа

Манчестер јунајтед вечерва ќе го одигра првенствениот натпревар против Шефилд јунајтед, а на официјалната прес-конференција пред натпреварот, холандскиот тренер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, предизвика вистински скандал откако влезе во клинч ...

25 поврзани вести »

Карлос Тевес итно хоспитализиран, се пожалил на болки во градите

Спортманија - пред: 8 часа

Легендарниот аргентински фудбалер, Карлос Тевес, итно е хоспитализиран во приватна болница во Буенос Аирес, откако се пожалил на болки во градите. Оваа информација со јавноста ја сподели клубот чиј тренер е во моментов, Индепендиенте.

17 поврзани вести »

Екс играч на Реал кој беше дел од Галактичарите, сега има работа која ја мрази, но мора да работи за да преживее

Спортманија - пред: 9 часа

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид Оскар Минамбрес не успеа да обезбеди животна егзистенција, иако неколку години ги помина играјќи за Кралскиот клуб. Некогашната голема надеж на Реал, сега е 43-годишен продавч на цигари, работа преку која ...

3 поврзани вести »

Пиоли си заминува, Ибрахимовиќ веќе има фаворит за нов тренер на Милан

Спортманија - пред: 9 часа

Милан имаше разочарувачка сезона која ја завршува без ниту една титула, што е знак дека нешто треба да се менува. Росонерите ја загубија трката за титулата во Серија А, испаднаа од Купот, го загубија Суперкупот, а беа елиминирани и во четвртфиналето ...

115 поврзани вести »

Синер не сакаше да каже дека е најдобар тенисер во моментов, има голема почит кон Ѓоковиќ

Спортманија - пред: 10 часа

Јаник Синер сега е најголемата закана за Новак Ѓоковиќ да го препушти првото место на светската АТП листа. Младиот италијански тенисер игра одлично и ако продолжи со добри резултати, предвидувањата се дека уште за време на сезоната на турнири на ...

55 поврзани вести »