TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Една е Тетка! @thetetka
#reach: 95705   ( 125th )
#followers: 20972   ( 10th )
#1
Како да пуштиш некој што никогаш не си го имал?
Како да си објасниш дека ќе мора да продолжиш без тој некој?
Како да му објасниш дека те пара фактот што нема да си се случите?
Како да се помириш со недостигот што те толчи?
И други мал милион прашања кои лутаат низ универзумот...
50ReTweets140Favorites·Details
#2
Тоа не сум јас, тоа е мојот аутокорект.
😂😂😂😂😂😂 https://t.co/ftVnsH9GsC
31ReTweets195Favorites·Details
#3
Ми доаѓа да оставам сé, да фатам пасошот и да отидам некаде кадешто е топло, има латино музика, висок и црномурест бармен прашува дали сакам нова маргарита...

Ах...
29ReTweets110Favorites·Details
#4
О ти, госпоѓо, жено, културна пензионерке, те молам бутни ме уште еднаш и суптилно онака тивко и бавно земи ми го редот.
Бидејќи јас стојам и чекам ред во банкава од мазохистички причини, ме возбудува! Да!
Те молам, дојди поблиску па може и заедно да се потпишеме на уплатницата!
27ReTweets111Favorites·Details
#5
Ме провоцираш?
- Не. https://t.co/SgWjfAmmCc
23ReTweets120Favorites·Details
#6
Столе ми е љубов! 💜

П.С Нека се погрижи некој твитов да стаса до негови очи, фала.
29ReTweets97Favorites·Details
#7
Не е сé во водењето љубов има и нешто во дивиот гајле-ми-ако-нé-чујат секс...

#сексипотег
30ReTweets89Favorites·Details
#8
Ме боли оти те љуби некој што гледа само убави очи онаму каде јас гледам цели универзуми како се брануваат со секое трепкање, ме боли оти те држи некој што не ти ја бакнува бенката за која имаш заборавено, ме боли оти те милува некој што не фантазира за формите на облачињата...
28ReTweets86Favorites·Details
#9
Ми вика:
- Што те прави Среќна?
Му ја праќам сликава.
- Добро, ама сериозно сега.
Пак му ја праќам сликава.

Не ми пиша веќе, може не сака мат...ама па, кој не сака мат?
Боуужееее... https://t.co/pmo3Fg8a2w
14ReTweets103Favorites·Details
#10
Вежбаш?
- Да. https://t.co/rRNA7Gqxde
11ReTweets80Favorites·Details
#11
Кога го љубев една ноќ косата му мирисаше на море, кога го љубев кожата му беше топла како песок, кога го љубев очите му беа посјајни од септемврискиот месец, кога го љубев телото ми брануваше со неговото, кога го љубев школки ме грепкаа по бедра...

Кога го љубев...
17ReTweets57Favorites·Details
#12
Една фотографија, еден замрзнат момент и една цела вечност топли сеќавања...
15ReTweets59Favorites·Details
#13
Дај ми го рамото, ќе ми ти сонувам за светот сега...
15ReTweets46Favorites·Details
#14
И ранлив си за љубење...
13ReTweets43Favorites·Details
#15
Не беа моите соништа преголеми, ти беше премал за да ги сфатиш...
11ReTweets49Favorites·Details
#16
Да си се видиш преку призмава, да видиш колку си голем кога се бориш со секојдневието, да видиш колку си убав кога му пркосиш на времето, да видиш колку си дете кога зборуваш за она твоето душополнење, да видиш што е тоа што светот не го гледа, а јас си го љубам...да си се видиш.
11ReTweets47Favorites·Details
#17
Седам на балкон и пијам ладно узо, млад месец ми прави друштво додека полугол маж се тегне под чаршафи и бара да се вратам меѓу истите.
Септември.
Ханиоти.

#паралелен
9ReTweets52Favorites·Details
#18
Тоа што си повредил некој не ти дава право да одлучиш колку време ќе го боли и како ќе се справува со болката.
Безобразно е!
13ReTweets39Favorites·Details
#19
Јас би да си тука и да ти воздивнувам задоволство на врат...

#сексипотег
11ReTweets43Favorites·Details
Најчесто разговара со:
#Name@Nick#дискусии
1Joséfina 👑tetkatrende13
2Wannabeiskulirana5
3Читателкатаprofesorkata684
4_Ерл_Хикиmorientesangel4
5White Bastard.MKwhitebustard4
6Chlamydiaeschiffer_pg144
7Evianaveevian4
8Purp #DefendDACAjustpurpling3
9Fourgabriellastan063
10The Xxpoznat3