TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-03-19 - 2001-03-25

Уште малку, па во јазол

Вест - 20.03.2001

ВЕСТ-СПОРТ Човекот се уште не е свесен за можностите на сопственото тело. Со секој нов ден се повеќе и повеќе се воодушевува од нештата што е способен да ги направи со своите две раце и нозе. Потоа, се разбира, од тоа може добро и да се профитира.

"Франкфуртер рундшау": Балканот на прагот на петта војна

Вест - 20.03.2001

Франкфурт, (МИА) - Германскиот весник "Франкфуртер рундшау", во денешниот број, под наслов "Балканот на прагот на петта регионална војна", пишува дека по распаѓањето на поранешна Југославија и по војните во Словенија, Хрватска, Босна и во Косово, сега на ред е Македонија - единствената ...

Во Македонија оперираат терористи, а не вооружени групи екстермисити

Вест - 20.03.2001

НИКОЛА ДИМИТРОВ,СОВЕТНИК ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА, КАТЕГОРИЧЕН "Нема преговарање со терористите. Дали тие убиваат полицајци за да се отворат места за нив? Факт е дека Македонија се наоѓа пред најголемиот предизвик во својата историја и тоа сосема незаслужено.

Во Чифте—амам се поправаат подовите и куполите

Дневник - 20.03.2001

РЕКОНСТРУКЦИЈА Во Чифте-амамот во Старата скопската чаршија засилено се вршат реставраторски работи на подовите и на куполите. Внатрешноста на објектот нема да се средува парцијално, туку одеднаш, како што наложува проектот. Проектот го финансираат Министерството за култура, кое додели 400.000 ГМ, ...

Владада се уште не го одобрила конкурсот за упис на Универзитетот

Вест - 20.03.2001

"Универзитетот понуди модел за конкурсот до Министерството за образование, но иако рокот е одамна пробиен, ние се уште немаме одговор од нив. Немаме ниту официјален документ за предлозите што преку медиумите ги слушаме од министерот Новковски за таканаречената линеарна партиципација.

Германски европарламентарец бара воена операција против екстремистите

Вест - 20.03.2001

Берлин - Неопходна е меѓународна воена операција против албанските екстремисти во Македонија за да се спречи поголем воен конфликт на Балканот. Како што пренесува МИА, ова во денешното интервју за Радио Берлин го изјавил германскиот европарламентарец Елмар Брок.

Мендух Тачи: Базата не притиска, но нема да ја напуштиме власта

Вест - 20.03.2001

Потпреседателот на ДПА Мендух Тачи по вчерашата средба со британскиот амбасадор во Скопје Марк Дикинсон изјави дека во партиските структури постои атмосфера за напуштање на Владата, но за среќа има и структири кои до крај ќе се борат да не дојде до тоа, што е негов и став на Арбен Џафери.

Миладиновци од немукает се објавуваат со стилизирани ликови

Вест - 20.03.2001

РАШОМОНИЈАДА ОКОЛУ АВТЕНТИЧНИТЕ НА ФОРОГРАФИИТЕ НА ДИМИТАР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ Потомците на семејството на струшките браќа, семејството на Ристе Миладинов од Струга, тврдат дека наместо оригинални фотографии сите институции и поединци во Македонија се користат со фото - роботи и апелираат да се ...

Почина човекот што беше инспирација за "Шиндлеровата листа"

Вест - 20.03.2001

Леополд Пејџ, човекот кој го преживеал Холокаустот и чии лични искуства биле инспирација за книгата и филмот "Шиндлеровата листа", почина вчера во Лос Анџелос на 88-годишна возраст. Тој пред својата смрт изјавил дека е среќен бидејќи целот свет успеал да дознае за германскиот индустријалец Шиндлер, ...

Храбра продавачка спречила вооружен разбојнички грабеж

Вест - 20.03.2001

Во продавницата "Астра" во Свети Николе, непознат маскиран напаѓач ја нападнал вработената со намера да ја ограби, но бидејќи таа давала отпор напаѓачот се исплашил и побегнал без да земе пари. Напаѓачот, во продавницата влегол околу 20,30 часот и откако и го вперил пиштолот на вработената, побарал ...