И покрај желбата на папата Франциско за едноставно и релативно скромно збогување, одговорните за организирањето и извршувањето на погребот на 266-от римски бискуп се соочуваат со цела низа логистички, технолошки и безбедносни предизвици.
Локално - Вечер Прес - МКД - Во Центар - 360 степени - Слободен Печат
Во фокусот на светската јавност е и смртта на папата Франциск и подготовките за неговиот погреб во сабота, на кој се очекува присуство на околу двесте илјади луѓе. Огромен е бројот на верници од целиот свет кои чекаат да се простат од него во ...
Филмот „Конклава“, кој освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио, беше гледан околу 1,8 милиони минути на 20 април – денот кога почина папата Франциско. Гледаноста на овој филм, во режија на Едвард Бергер и со Ралф Фајнс во главната улога, ...
Кардинал Џовани Анџело Бечу, поранешен висок функционер во Ватикан, е во центарот на еден од најголемите скандали што ја потресоа Католичката црква. Папата Франциск во 2020 година јавно го разоткри и му ги одзеде сите кардиналски привилегии, поради ...
Папата Франциск никогаш не ја посети Шпанија, иако секогаш имал посебна врска со неа. Јазикот отсекогаш бил мост меѓу папата Франциск и Шпанија – земја во која живеел кратко во младоста – но во неговите 12 години на чело на Римокатоличката црква ...
Речиси 20.000 луѓе поминаа покрај отворениот дрвен ковчег во кој лежеше папата Франциско, во првите неколку часа, соопшти Ватикан. Многу повеќе се очекуваат во деновите пред погребот во сабота.
Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан. „Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско ...
Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, во Ватикан, и ќе биде настан со огромно значење – и верско и дипломатско. Се очекува голема посетеност, со најмалку 200.000 посетители само од странство, според италијанските власти.
Папата Франциско ненадејно почина во понеделникот наутро поради мозочен удар, брзо и без болки, изјави неговиот лекар Серџо Алфијери.Алфијери, лекар во римската болница Ѓемели, кој го надгледуваше лекувањето на папата за време на претходната ...
Руската Федерација на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во сабота ќе ја претставува министерката за култура Олга Љубимова, соопшти Кремљ, откако претходно беше кажано дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ...
На погребот на папата Франциск во сабота на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе присуствуваат десетици лидери на најмоќните земји во светот, како и земји со претежно христијанско и католичко население.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор прогласи четиридневна национална жалост по повод смртта на папата Франциск. – Загубата на папата Франциск е момент на длабока тага и за Католичката црква и за филипинскиот народ, кој во него гледаше ...
Официјални лица од Ватикан објаснија зошто поглаварот на Католичката црква не може да биде донатор на органи и по смртта, без разлика дали е регистриран како донатор или не. Телото на папата Франциско утрово беше префрлено во базиликата Свети Петар ...
Првата снимка доаѓа од капелата во Домот Света Марта, каде кардиналите се собрани во молитва. „Го придружуваме Франциско на ова последно патување“, се вели во преносот, „со сите добри дела што ги направи за доброто на Црквата“.
Телото на починатиот папа Франциск е пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан од папската резиденција „Света Марта“. Базиликата ќе остане отворена до полноќ во деновите на поклонението, на кое се претпоставува дека ќе дојдат десетици илјади ...
На погребот на папата франциск во римската црква Санта Марија Маџоре во сабота ќе присуствува и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, соопштија од нејзиниот кабинет. Меѓу повеќето лидери, присуство потврдија и американскиот ...
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано и подготвено да го издржи топлото време во Рим пред да биде положено во базиликата Свети Петар, каде верниците ќе имаат можност да му оддадат почит, изјавија експерти за агенцијата Франс прес.
Во сабота наутро за кога е планиран погребот на папата Франциск, се очекува да присутвуваат повеќе од 200.000 лица, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на префектурата Рим на седницаа со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни ...
Канал5 - 24 Вести - Вечер Прес - Телма - Република - Во Центар
Голем број шефови на држави и влади и други лидери најавија присуство на погребот на папата Франциск в сабота во Рим. Засега најавено е присуството на: Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.