Шефот на полицијата во Џакарта го опиша обвинетиот ученик како „повлечен“ и „недружељубив“. Индонезиската полиција откри рачно изработени експлозивни направи на местото на експлозијата во џамија во Џакарта минатата недела, информира полицијата.
Индонезиските власти соопштија дека го идентификувале 17-годишен ученик како осомничен за нападот што ја потресе џамијата во средното училиште SMA 72 во главниот град Џакарта, при што беа повредени најмалку 54 лица, главно ученици.
Пронајдени се вкупно седум направи, од кои четири биле активирани. Надлежните органи додадоа дека осомничениот за нападот дејствувал сам и не бил дел од „терористичка мрежа“. Деведесет и шест лица беа повредени во експлозиите за време на петочните ...