Бројот на жртвите во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 11.200, пренесе агенцијата Франс прес. Турските власти соопштија дека во земјата загинале најмалку 8.574 лица. Се вели дека е тешко да се дојде до бројки од Сирија, но бројот на ...
Кумановски м. - Кумановски м. - Локално - 4NEWS - МКД - Сакам да кажам - Алсат-М - ТВ21
На Интернет се појави потресно видео на кое се гледа како група доброволци од цивилната одбрана на Сирија позната како „Бели шлемови“ од урнатините на куќа извлекува семејство кое го преживело разорниот земјотрес што ја погоди земјата.
Независен - Точка - Р.С.Европа - 4NEWS - Независен - Кумановски м. - Кумановски м. - Тера
Иако сме соочени со трагедија ао несогледливи последици во која повеќе од 9.000 лица загинаа, од Сирија и Турција доаѓаат и добри вест. Во градот Идлиб во Сирија, спасувачите успеале да извлечат живи мајка и нејзините три деца.
Локално - 360 степени - Слободен Печат - Либертас - +инфо - ММС - 4NEWS - Курир
Спасувањето на преживеаните, кои останаа заробени под урнатините по страшниот земјотрес што пред два дена опустоши делови од Турција и Сирија, сè уште е во тек. Повеќе од 9.500 луѓе загинаа, а околу 40.000 се повредени, но се стравува дека овие ...
Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ги погодија долж границата меѓу Турција и Сирија. Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 9.500.
Кумановски м. - 4NEWS - MakPress - Макфакс - MTM - Lider - 360 степени
Шестгодишно девојче е повторно со својата мајка. Шестгодишно девојче е спасено од урнатините во турската провинција Адијаман, погодена од земјотресот, 47 часа откако два силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јавува агенцијата „Анадолу“.
Сител - Кајгана - Lider - Во Центар - Press24 - 24Инфо - +инфо - Вечер Прес
Снимка од двегодишниот Мухамед заробен под рушевини во Туркије на кој спасувачите му даваат вода од капаче од шише го обиколи Твиер. Мухамед, инаку Сириец, преживеал 44 часа заробен. Спасувачите се борат со ладното време за да ги спасат луѓето.
Управата за вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека е завршено поставувањето на станбени шатори во подрачјата погодени од земјотресите во Турција, јавува Анадолија. Досега се поставени вкупно 50.818 големи семејни шатори за сместување на жртвите од ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најтешко погодени провинции. „Ова е една од најголемите катастрофи на нашиот регион и светот, не само во историјата на нашата република“, рече Ердоган.
Спасувачките екипи од под рушевините во Хатај спасиле жена во деветиот месец од бременоста по 40 часа од разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија. Нехир Илкова останала заробена под урнатините на зградата која се срушила, а таа била ...
Новородено девојче е спасено од урнатините на зграда во северозападна Сирија, уништена во вчерашниот земјотрес, во кој досега загинаа над 6.300 луѓе. Нејзината мајка се породила набргу по катастрофата и потоа починала, изјави еден нивни роднина.
Спасувачите од текот на вчерашниот ден интензивно трагаат по преживеани по разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Бројките на загинати, но и на спасени, растат, а на социјалните медиуми се појавуваат шокантни фотографии од местото на настанот.
Девојче на возраст од 9 години во прегратка го држи својот брат меѓу урнатините во Сиријa, додека чекаат да дојдат ...
„Ројтерс“ објави видео од маж кој стои пред урнатините и слуша затрупана жена која го моли да и помогне. Удира во нешто метално. Тој е очаен бидејќи не може да и помогне. Кажува и дека децата се долу.
Мајка и три деца се спасени од урнатините 28 часа по разорниот земјотрес што ја погоди јужна Турција, јавува Анадолија. Како што јави репортерот на Анадолија, во населбата Низип во Газиантеп, мајката Дона Озкилик била спасена од под урнатините на ...
„Кристијан Атсу е извлечен од урнатините со повреди. Спортскиот директор на нашиот клуб Танер Савут за жал се уште е под урнатините“, сподели Мустафа Озат, потпретседателот на турскиот клуб, чии членови беа во хотелот за време на разорниот земјотрес ...
Момче преживеа 22 часа заробено под урнатините, на студ, без храна и вода Во Малатија, која се наоѓа во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што вчера ја погоди Турција, спасено е тригодишно момче.