TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Отворен „Малиот битолски Монмартр“

Н.Македонија - 23.05.2020

Претпладнево во Битола свечено беше отворено 39 издание на „Малиот битолски Монмартр“. Свеченото отворање на детската ликовна колонија помина без познатиот детски џагор на децата од цел свет.

„Малиот Битолски Монмартр“ се одржува без децата творци, но изложени се 717 нивни цртежи

Сакам да кажам - 23.05.2020

Поради пандемијата со КОВИД-19, за првпат во 39-годишното постоење детскиот фестивал „Мал Битолски Монмартр“ годинава се одржува без детските ликовни амбасадори. Во Битола не допатуваа деца од целиот свет како што е традицијата на Фестивалот, но ги ...

Без гости отворен 39-от Мал битолски монмартр

+инфо - 23.05.2020

Како никогаш досега, плоштадот пред Малиот битолски монмартр во Старата битолска чаршија, остана без смеата и дружбата на децата учесници од целиот свет, на денот на отворањето 24 мај, на оваа, надалеку позната детска ликовна манифестација.

39 години од постоењето на Малиот Битолски Монмартр

Тера - 23.05.2020

39 годишнината на Малиот Битолски Монмартр денеска беше одбележана пред детското студио „Св.Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија. Малкумина беа пред студиото заради актуелната состојба во коронавирусот и мерките кои треба да се почитуваат.

Ќе има Монмартр, ама не како до сега

Тера - 21.05.2020

39 годишнината на Малиот Битолски Монмартр ќе се одбележи во сабота, во Старата битолска чаршија, ама со мал број на учесници, со цел избегнување на гужви. Оваа година им пристигнале 15 000 цртежи од целиот свет, а до година најавија дека ќе стигнат ...