Градот Скопје најави дека празничниот дух годинава повторно ќе се врати на плоштадот „Македонија“, каде со свечена програма, музика и богати содржини ќе биде означен почетокот на новогодишните и божиќните прослави во главниот град.
Град Скопје на 15 декември ќе го означи почетокот на празничната сезона со големо осветлување на плоштадот „Македонија“, проследено со богата програма и секојдневни настани до Новата година.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека на 15 декември ќе биде официјално запалено празничното осветлување на главниот град. Настанот ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, со почеток во 18 часот.
На дваесетина дена пред најлудата ноќ во годината, дочекот на Новата 2026 година, Скопје полека се подготвува за празничниот амбиент. Како што е најавено, ќе има организирана прослава и дочек на Новата година на плоштадот „Македонија“, а ќе ...