Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево заврши вториот ден од расправата по поднесените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. Беа разгледани и одбиени околу 20 амадмани поднесени од ДУИ, СДСМ и Левица.
Повеќе од десетина амандмани на Предлог-ребалансот на Буџетот поднесени од Левица, ДУИ, СДСМ се разгледани попладнево на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет и не се прифатени од заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ.
Во Собранието почна аманданската расправа за ребалансот на Буџетот. Поднесени се 224 амандмани, а вчера беа разгледани десетина со кои се бараше зголемување на платите на вработените во одбраната и Армијата и зголемување на средствата за пожарникарите.