Филхармонија денеска соопшти дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.
Ве информираме дека нашиот концерт „Без зборови“ во четврток на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан“, се вели во објавата на Филхармонија.
Националниот џез оркестар информира дека средствата од продажбата на билетите за концертот на оркестарот со Мариа Мендеш на 25 март ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани.