TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обвинителот Бурим Рустеми денеска сведок во „Рекет“

360 степени - 28.01.2020

Обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд како сведок за случајот „Рекет“. Рустеми е обвинителот кој ја водеше истрагата за предметот „Поштенска банка“, а којшто предмет беше споменуван во ...

Мачето на Лиле Стефанова што го спомена Катица Јанева го возеле за Радовиш за да не умре од глад само во Скопје

Сакам да кажам - 27.01.2020

Мачето што денеска стана топ тема на социјалните мрежи откако обвинетата Катица Јанева ја нападна нејзината поранешна колешка обвинителката Лиле Стефанова по нејзиното сведочење во случајот „Рекет“ се вика Лео.

Стефанова сведочеше дека Јанева ургирала за „Империја“

Призма - 27.01.2020

Oбвинителката Стефанова по сведочењето за Рекет | Фото: БИРН На обвинителката Лиле Стефанова, еден месец пред бизнисменот Јордан Камчев да пријави рекет кај премиерот Зоран Заев, ѝ станало јасно дека зад неколку одлуки на нејзината шефица не стои ...

„Рекет“ ги удави во фекалии довербата и соработката на бившите колешки

МКД - 27.01.2020

„Затишје пред бура" беше денешниот молк на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева на нејзиното прво соочување со некогашната колешка, Лиле Стефанова. Судењето за „Рекет" од една страна им овозможи средба очи во очи, а од друга страна уште ...

Случај „Рекет“: Јанева и Стефанова се соочија во судница –обвинувања, навреди и солзи

Глас на Америка - 27.01.2020

Обвинителката Лиле Стефанова која ја води истрагата за случајот „Империја“ тврдеше дека многу емисари се обидувале да издејствуваат слобода на осомничениот Орце Камчев. Јанева со погрдни зборови ја нападна доскорешната колешка и беше отстранета од ...

Лиле Стефанова: За случајот „Империја” ургирале судии, политичари, бизнисмени

24 Вести - 27.01.2020

Судии, обвинители, бизнисмени и политичари ургирале за бизнисменот Орце Камчев да не оди во притвор а случајот „Империја“ на СЈО да биде затворен, тврди обвинителката Лиле Стефанова која денеска беше сведок на обвинителството на продолжението на ...

Стефанова - осомничените во Империја дознаваа сè што презема СЈО

Р.С.Европа - 27.01.2020

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е второобвинета во случајот „Рекет“, денеска беше отстранета од судницата во Кривичниот суд во Скопје поради недолично однесување, откако упати навредливи зборови кон обвинителката Лиле ...

Tешки сведочења, навреди и солзи меѓу Јанева и Стефанова на судењето за случајот Рекет

Телма - 27.01.2020

Не сме скарани, ама не сме во добри односи со Јанева. Како започна сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, така и заврши. Со погрдни зборови од Јанева кон Стефанова, по што судијката ја избрка од судницата.

Катица Јанева збесна во судот - судијата ја отстрани од судница

Сител - 27.01.2020

Со навредливи зборови Катица Јанева ја испрати од судница нејзината поранешна колешка од СЈО, Лиле Стефанова. Веднаш беше исфрлена од судницата па пред новинарите во холот Јанева додаде: „Оти мачето и го возев, затоа не чинам“ За одбраната на екс ...

Кацарска, Маневски и Савова го „ослободувале“ Камчев

Алсат-М - 27.01.2020

Тешките навреди што Катица Јанева ги кажа во судницата, ја суспендираа од денешното судење за „Рекет“. Сведочеше обвинителката, Лиле Стефанова. Јанева испровоцирана довикна од обвинителна клупа кон нејзината поранешна колешка.

Кацарска за тв 24: Згрозена сум од изјавите на обвинителката Стефанова, размислувам да поднесам тужба за клевета

24 Вести - 27.01.2020

Судијата од скопскиот Кривичен суд, Добрила Кацарска во изјавата на тв 24 вели дека е згрозена од сведочењето на обвинителката Стефанова, која денес пред Кривичниот суди изјави дека Кацарска била една од повежето кои ургирале на бизнисменот Орце ...

Стефанова: Јанева им остави простор на обвинетите да не дискредитираат

Фокус - 27.01.2020

Без разлика на пресудата што ќе ја донесе судечкиот совет за поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева му нанесе сериозна штета на Специјалното јавно обвинителство, а предизвика и разочараност кај цела правдољубива јавност во државата, ...

Немам коментар, вели Филимена Маневска на прашањето што барале со сопругот во „Орка“ додека СЈО вршело претрес

Фокус - 27.01.2020

Пензионираната судијка Филимена Маневска и нејзиниот сопруг, поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, биле во компанијата „Орка“, кога истражителите на СЈО влегле да извршат претрес, а во рамки на истрагата за „Империја“.

Судење за „Рекет“: Стефанова сведочеше за емисарите на Камчев, „задачата“ на Савова, дрскоста на Јанева…

360 степени - 27.01.2020

Нови моменти и прашалници фрли сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова на аферата „Рекет“ . Таа денеска во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје, во улога на сведок, се соочи со својата поранешна шефица Катица Јанева која, пак, е ...

27 јануари: Размена на навреди и погрдни зборови меѓу Јанева и Стефанова, лажни вести, законот за ЈО неизвесен…

CivilMedia - 27.01.2020

„Гомнарке и ороспијо една“, беа зборовите со кои поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ѝ се обратила на својата поранешна колешка од СЈО, обвинителката Лиле Стефанова, по што била веднаш отстранета од судењето за „Рекет“, објавија повеќе ...

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување и кривична постапка против Кацарска

360 степени - 27.01.2020

ВМРО-ДПМНЕ бара судијката Добрила Кацарска да биде разрешена, а обвинителството да не премолчува и да отвори кривична постапката. Ваквата реакција следува откако денеска обвинителката Лиле Стефанова во нејзиното сведочење зборуваше дека за цело ...

Кацарска за ТВ21: „Згрозена сум од изјавата на Лиле, размислувам да поднесам кривична пријава за клевета“

ТВ21 - 27.01.2020

Судијата Добрила Кацарска за ТВ21 вели дека е згрозена од сведочењето на нејзината колешка Лиле Стефанова, дека наводно таа се јавувала за да влијае врз истрага на СЈО. Додава дека ниту сведок без образование не би имал таков исказ.

Катица Јанева попушти со нервите на судењето за “Рекет”

Алфа - 27.01.2020

Катица Јанева смирено ја дочека бившата колешка Лиле Стефанова во судницата, откако го ислуша сведочењето ја испрати со погрдни зборови и навреди. О***пијо Г***арке Дека и го возев мачето, затоа ли не и чинам? довикна Јанева свртена кон новинарите ...

Стефанова: Катица ни рече, а сега марш, излегувајте од тука!

Фокус - 27.01.2020

Обвинителката Лиле Стефанова во своето денешно сведочење за случајот “Рекет” образложи кога се случил пресвртот во случајот “Империја”, во кој осомничен е и бизнисменот Орце Камчев. Таа истакна дека Јанева не влијаела дали да се отвори истрагата за ...

Јанева кон Стефанова: „Ороспија и говнарка“

МКД - 27.01.2020

Со скандалозно однесување и погрдни зборови поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева ја испрати нејзината колешка Лиле Стефанова по двочасовното сведочење на судењето за „Рекет“. Кога Стефанова се подготвуваше да излезе од судница Јанева ѝ извика ...

Стефанова: Дејствијата на Јанева му нанесоа сериозна штета на СЈО

Слободен Печат - 27.01.2020

Дејствијата за кој Катица Јанева денеска е на обвинителна клупа му нанесоа сериозна штета на Специјалното јавно обвинителство, а предизвикаа и сериозна разочараност кај целата правдољублива јавност во државата.

Задоволни сме од исказот на Стефанова, вели одбраната на Јанева

Сакам да кажам - 27.01.2020

Адвокатката на обвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, кажа дека се задоволни од денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова на судењето за „Рекет“. Според одбраната на Јанева, Стефанова потврдила дека Јанева нема направено ништо ...

Јанева со навреди кон обвинителката Стефанова: Гомнарке, ороспијо!

Фокус - 27.01.2020

На крајот на рочиштето за случајот “Рекет” поранешната специјална Јавна обвинителка Катица Јанева по наредба на судијката беше изнесена од судница бидејќи дофрли навредливи зборови кон сведокот, обвинителката Лиле Стефанова.

Сведочење на Стефанова во случајот „Рекет“

Академик - 27.01.2020

На денешното сведочење Стефанова истакна дека ниту таа, ниту кој било истражител во СЈО има каква било поврзаност со случајот „Рекет“. Таа посочи дека Јанева од неа побарала да им биде укинат притворот на осомничени во случајот „Империја“.

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Макфакс - 27.01.2020

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа постапка. Но, без разлика каква пресуда ќе биде донесена, дејствијата за кои Јанева е на обвинителната клупа предизвикаа огромна штета на ...

Фото: Катица Јанева и Лиле Стефанова на времето

Пулс24 - 27.01.2020

Катица Јанева и Лиле Стефанова на времето… Имало времиња и кога немало кавги и навреди среде суд помеѓу овие две обвинителки и според сликата би се рекло тогашни ...

Ти Лиле да му го вратиш пасошот на Орце, А сега марш, излегувајте сите од тука, кажала Јанева на колегиум во СЈО, ...

Сакам да кажам - 27.01.2020

Во продолжение на сведочењето во „Рекет“, обвинителката Лиле Стефанова денеска кажа колку обвинетата Катица Јанева влијаела за осомничениот во „Империја“ Цветан Панделески, газда на „Пелистерка“.

Скандалозно: Катица Јанева ја нарече Лиле Стефанова „ороспија и гомнарка“

Канал5 - 27.01.2020

Скандалозна завршница на денешното рочиште за случајот „Рекет“. Обвинетата екс обвинителка Катица Јанева пред да си замине од судницата вулгарно ја нападна нејзината поранешна колешка Лиле Стефанова, која сведочеше за овој предмет со зборовите ...

Гомнарке и ороспијо, ѝ кажа Јанева на Стефанова по што беше отстранета од судењето за „Рекет“

Сакам да кажам - 27.01.2020

„Гомнарке и ороспијо една“, ѝ кажа на гевгелиски Катица Јанева на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“. На крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече ...

Стефанова: Политичари, бизнисмени, судии и обвинители ургираа за Камчев во Империја

Телма - 27.01.2020

Катица Јанева ме тераше да го затворам предметот Империја против Орце Камчев, сведочи денеска обвинителката Лиле Стефанова, во кривичниот суд на рочиштето за Рекет, кое денеска се одржа по неколку одложувања.

Стефанова без коментар за исказите дадени во судницата

Алсат-М - 27.01.2020

Обвинителката Лиле Стефанова која денеска сведочеше за случајот „Рекет“ по завршување на рочиштето пред новинарските екипи не сакаше да ги коментира исказите дадени во судницата. Таа само кажа дека случајот му нанел голем удар на СЈО и ставил во ...

Наташа Савова ми се силеше преку Мијалков да ја прекинам истрагата против притворениот Орце Камчев, сведочеше ...

Сакам да кажам - 27.01.2020

Обвинителката Лиле Стефанова, која ја води „Империја“ утринава во сведочењето раскажа и низ какви притисоци минувала веднаш по отворањето на истрагата против Орце Камчев, Цветан Панделески, Сашо Мијалков и останатите од осомничената група.

Стефанова: Случајот му нанесе голем удар на СЈО и стави во непријатна положба дел од обвинителите

Локално - 27.01.2020

Дејствијата за кои Катица Јанева денес е на обвинителната клупа му нанесоа сериозна штета на СЈО, а предизвикаа и сериозна разочараност кај целата правдољубива јавност во државата. Тоа од друга страна им остави простор на осомничени обвинети лица во ...

Фрчковска за вулгарните зборови на Јанева: Не се согласувам со испадите, но таа е револтирана

А1 On - 27.01.2020

Адвокатката Ирена Фрчковска, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“ за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради како што вели, сите работи кои и се случуваат.

Јанева кон Стефанова: „Гомнарка, ороспијо“

Слободен Печат - 27.01.2020

На напуштање на судницата Катица Јанева ја навреди обвинителката Стефанова дофрлајќи и: „Гомнарка, ороспио“. Додека јас бев на летен одмор, Катица Јанева дала позитивно мислење за враќање на пасошот за пратеникот Илија Димовски.

Судии, политичари, бизнисмени ургирале за Камчев во Империја, меѓу нив и Кацарска

МКД - 27.01.2020

Политичари, бизнисмени, судии и обвинители ургирале во предметот Империја за време на предистрагата за бизнисменот Орце Камчев. Ова денес го откри обвинителката Лиле Стефанова како сведок во Рекет.

Чифлиганец и Савова пробувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

А1 On - 27.01.2020

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија „Адора инжинеринг“, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја“, кажа таа на денешното сведочење пред Кривичниот суд за случајот „Рекет“.

Стефанова: Јанева бараше да се затворат истрагите за „Империја“ и „Поштенска банка“

360 степени - 27.01.2020

Во продолжението од денешното сведочење во „Рекет“ одговараше на прашања на обвинителката и на адвокатите на обвинетите. Како пресвртен момент во истрагата за „Империја“ таа го наведе времето кога требало да се одлучува за продолжување на притворот ...

Стефанова: Осомничените секогаш дознаваа што работат обвинителите во Империја

МКД - 27.01.2020

Подготвен и буден во 6 часот наутро на 9 ноември 2018 година Орце Камчев ги пречекал службените лица што со наредба пристигнале во неговиот дом да вршат претрес за случајот Империја, откри денес поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова.

Хаос на судењето за Рекет: Јанева и рече „гомнарка и ороспија" на Стефанова

Press24 - 27.01.2020

„Гомнарке и ороспијо една“, ѝ кажа на гевгелиски Катица Јанева на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“. Јанева почна да дофрлува од местото на кое седеше, а судјата ја опомена.

Хаос во судницата, Јанева до Стефанова: Гомнарке, ороспијо!

А1 On - 27.01.2020

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева од судницата, откако таа почна со недолични коментари. „Гомнарке, ороспијо“, и се обрати Јанева на нејзината поранешна колешка, пред да биде отстранета ...

Јанева барала позитивно мислење за поблаги казни за осомничените во „Империја“

Бриф - 27.01.2020

Катица Јанева никогаш не се мешаше во мојата работа, се до декември 2018 година кога бараше да се даде позитивно мислење за одредување поблаги мерки за осомничените во предметот „Империја“, истакна обвинителката Лиле Стефанова во улога на сведок на ...

Камчев праќаше емисари, судии, обвинители, бизнисмени, политичари, а судијката Кацарска окапа цел ден во судот додека ...

Сакам да кажам - 27.01.2020

Осомничениот во „Империја“ Орце Камчев од денот на отворање на истрагата и претресот во неговите фирми, постојано праќаше разни емисари: судии, обвинители, политичари и бизнисмени, сведочи денеска во Кривичниот суд обвинителката Лиле Стефанова во ...

Арсовски: Кацарска судството денеска е целосно разобличено

ТВ21 - 27.01.2020

Портаполот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес конференција истакна дека маските од Луј Витон правдата се симнати и тоа од обвинител кој постапува по активни предмети. „Според тврдењето на сведокот Лиле Стефанова, обвинител во предметот ...

Стефанова нека каже како се уценуваа пратеници, како луѓе се ставаа во притвор, а потоа се тргуваше со притисок за ...

Република - 27.01.2020

Сведокот во случајот „Рекет“, обвинителката Лиле Стефанова, која денес сведочеше пред заменичката на Вилма Рускоска, Гордана Смаќоска, изгледа е клучниот сведок кој денеска ги потврди укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ за тоа каква била улогата на СЈО и на ...

Јанева извикуваше погрдни зборови кон Стефанова во судница

360 степени - 27.01.2020

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на крајот од сведочењето од Лиле Стефанова денеска во случајот „Рекет“ упати погрдни зборови кон поранешната колешка. „Гомнарка, ороспија“, рече Јанева коментирајќи го сведочењето на Стефанова додека ...

Го*нарка, о*оспијо една ѝ рече Јанева на Стефанова, а потоа беше отстранета од судницата

ТВ21 - 27.01.2020

На денешното судење за предметот „Рекет“, по одлука на судот, Катица Јанева беше отстранета од судницата, откако со тешки зборови ја навреди обвинителката Лиле Стефанова. „Го*нарке, о*oспијо една“, ѝ кажа Јанева на ...

Јанева до Стефанова: Мачето и го возев, затоа не чинам

Вечер Прес - 27.01.2020

Катица Јанева беше отстранета од денешното рочиште за „Рекет“ поради недолично однесување. Таа е отстранета од судницата по наредба на судијката Васка Николовска-Масевска. Таа, пренесуваат медиумите ја нарекла „ороспија“ и „гомнарка“ обвинителката ...

Обвинителката Стефанова тврди дека Катица Јанева се однесувала како адвокат на обвинетите во „Империја“

А1 On - 27.01.2020

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет“ рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала дека ќе и прати дома новинари, и и забранувала да ги коментира снимките објавени во италијанскиот весник ...

Стефанова тврди: Јанева ми се закануваше дека ќе ми прати новинари дома

Слободен Печат - 27.01.2020

„На никаква тема сум немала разговор со Бојан Јовановски“, рече обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за „Рекет“. Катица Јанева ми се закануваше дека ќе ми прати новинари дома, ми забрануваше да коментирам објави на „Ла Верита“ и да ...