Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или некоја пастелна нијанса ако сте подготвени за експериментирање. Ако сакате да го освежите изгледот без да ја кратите косата, секогаш можете да ја промените бојата.
Ако сакате неутрални нијанси, но веќе ви е „преку глава“ од црна, експериментирајте со чоколадно кафеава, бордо или, пак, темно портокалова. Црната боја е класика и веројатно ви е меѓу омилените ако сакате понеутрални нијанси.