Следната недела во битолскиот крај сеуште ќе се празнува. 13 и 14 јануари се резервирани за православната Нова година и за Василица. На трпезите, освен богата понуда на храна задолжителен е мазникот со паричка.
Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува ...
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар на првиот ден од идната недела, поточно на 13. јануари вечерта, ќе ја пречекаат Православната Нова година, а на 14. јануари, се чествува споменот на Свети Василиј Велики.
Бадник и Божик поминаа. Следен празник е Василица. Токму од Бадник до Василица кај дел од јавноста е дилемата кога се бара паричка во мазникот или во лепчето? На Бадник или на Василица? Битолчани ја немаат дилемата.