За настанот родителите, наводно биле известени од сосед, по што веднаш го однеле детето во болница. Десегодишно дете трагично го загуби животот откако падна од балконот на стан во кој живеело, на Индустриска улица во Тетово, потврди полицијата.
Тежок инцидент го потресе Тетово денес, каде што 10-годишно момче трагично го загуби животот откако падна од балконот на стан на Индустриска улица. Според првичните информации, детето паднало од значителна висина, а повредите биле фатални.
Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој ...