Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници. Граѓаните можат да добијат информирации на телефонскиот број 076/233-791, а здравствените работници на 076/233-792.
Пулс24 - Скопје1 - еМагазин - Нова Македонија - +инфо - Независен
Двајца мажи на 44 и 4о години од Скопје се пациентите кои се заразени со мајмунски сипаници, рече денеска директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, додавајќи дека не патувале надвор од државата, и не се поврзани пациенти.
Институтот за јавно здравје, конкретно епидемиолози од ИЈЗ, исконтактираа со контактите на позитивните лица со Mpox кои тие ги посочија и истите немаат никакви симптоми на заболување. Позитивните лица се во добра состојба.
Двајца мажи од 40 и 44 години од Скопје се пациентите кои се заразени со мајмунски сипаници. Според податоците од надлежните, двата случаи не се меѓусебно поврзани а ниту еден од пациентите не патувал надвор од државата во последниот период.
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.