На први август 1991, ден пред големиот празник Илинден, ВМРО-ДПМНЕ објави еден чуден официјален проглас што ја возбуди целокупната јавност. Имаше отворени асоцијации на повик за општонароден бунт. Во него се вели (цитирано): „Во овие денови кога сите народи во Европа сестрано ...
Летото во 1991 година се одвива хаотична дезинтеграција на поранешната заедничка држава. Словенија, по краток оружен судир, ја натера Југословенската народна армија да се повлече од таа република. Таму се најавува почнување јавен процес за оформување независна држава.