Софија Лорен денеска итно е примена во болница. Таа се лизнала во бањата и паднала во својот дом во Женева. Извор близок до весникот наведува дека Софија Лорен веднаш била однесена во болница на преглед и констатирана фрактура на бутната коска.
Италијанската актерка Софија Лорен (89) е тешко повредена по падот во нејзиниот дом во Женева во неделата наутро. Како што пренесува Corriere della Sera, актерката била пренесена во болница каде и била констатирана фрактура на колкот.