Блокадата влезе во 7-миот ден, а студентите најавија дека ќе го поминат Велигден пред РТС Студентите на Универзитетот во Белград од понеделник ги блокираат влезовите на Радио и телевизија на Србија (РТС) на улицата Таковска и на Кошутњак.
„Доколку никој не ни се обрати во најбрз можен рок, ќе сметаме дека раководството се повлекло и не е во можност да раководи со јавниот медиумски сервис“, се наведува во нивното соопштение.
Откако Радио-телевизија Србија побара итен одговор од меѓународните институции поради блокадата на зградата на оваа медиумска институција и прогонот на нејзините членови, се огласи еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најостро го осуди насилството што, како што рече, блокаторите го вршат врз новинарите и уредниците на РТС и порача дека Србија ќе има сила да го заштити уставниот поредок.
РТС поднесе кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокадата, кои од 14 април блокираат објекти на медиумот во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од ...