Навивач на големиот ривал се појави во боите на Галатасарај меѓу навивачите на Трабзонспор. Доаѓањето на Мохамед Салах предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите на Трабзонспор, но еден навивач на пречекот на египетската ѕвезда се појави во очигледно погрешни бои.
Мохамед Салах е најновиот фудбалер на Трабзонспор. Турскиот клуб и египетската ѕвезда се согласија на двегодишен договор. Денеска напладне, Салах пристигна во Истанбул каде беше пречекан од голем број навивачи.
Со потпишувањето на Мохамед Салах, Трабзонспор го донесе веројатно најзвучното засилување во својата 59-годишна клупска историја. Бројот на странци кои потпишале за Трабзонспор се искачи на 207, а меѓу нив има и четворица македонски интернационалци.
До јуни Мо Салах беше ѕвезда на Лиеврпул. Од август е најплатениот фудбалер во Европа, а исплатата доаѓа од Трабзон, Турција. Трабзон не е во клубот на најбогати дури ни во Турција но, ќе платат играч колку што никој никому досега во Европа не платил.
Мохамед Салах е подготвен да започне ново поглавје во својата блескава кариера. Египетската ѕвезда денес ќе го потпише договорот со турски Трабзонспор, со што ќе заврши повеќемесечната сага околу неговата иднина која привлече огромно внимание во светската фудбалска јавност.