TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Словенечкиот премиер со црни прогнози: Ако се распадне ЕУ, сите ќе пропаднеме

Независен - 24.04.2019

Словенечкиот премиер Марјан Шарец ја спореди ситуацијата во Европа со онаа пред започнувањето на Втората светска војна, кога европските политичари не му се противеле на Хитлер. Тој оцени дека ЕУ во иднина мора побрзо и поодлучно да носи одлуки, за ...

Непознати мажи отворија оган врз кафуле во северниот дел на Франција

Независен - 24.04.2019

Француската полиција уапси две лица, а трага по уште четворица, откако отвориле оган врз кафуле во градот Туркоан. Засега нема информации за повредени лица во инцидентот. Напаѓачите, кои носеле црна облека, маски и оружје, го паркирале својот ...

Зелински повика за нови санкции кон Русија по одлуката за Доњецк и Луганск

Независен - 24.04.2019

Новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски денеска повика за нови меѓународни санкции против Русија, откако Москва одлучи да ја олесни процедурата за добивање руско државјанство за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск.

Ван Дајк е играч на сезоната во Премиер лигата

Независен - 24.04.2019

Најдобар фудбалер на сезоната во Премиер Лигата е Вирџил ван Дајк! Тоа е изборот на Здружението на професионални фудбалери, па во четврток оваа престижна награда ќе ја подигне стоперот на Ливерпул и репрезентацијата на Холандија.

15 загинати при експлозија во сириската провинција Идлиб

Независен - 24.04.2019

Силна експлозија одекна денеска во северозападниот дел на Сирија, кој го контролираат бунтовниците, а најмалку 15 лица беа убиени, главно цивили. Тимови на Цивилната заштита се на терен, и во тек се акции за спасување.

Украина побара седница на Советот за безбедност по указот на Путин

Независен - 24.04.2019

Украина побара одржување вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради одлуката на Русија да го олесни издавањето на руски пасоши за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск.

Порошенко и Зеленски ја критикуваа новата акција на Кремљ за давање државјанство

Независен - 24.04.2019

Претседателот во заминување во Украина и новиот шеф на државата, Петро Порошенко и Володимир Зеленски денеска во одделни изјави ја нарекоа Русија окупаторска сила во источна Украина, откако Москва почна постапка за поедноставување на процедурата за ...

Иран ќе продолжи со продажба на нафтата и покрај санкциите на САД

Независен - 24.04.2019

САД мораат да бидат подготвени за последиците ако се обидат да го спречат Иран да продава нафта и да го користи Ормускиот проток, предупреди денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, нудејќи му преговори на Вашингтон за ...

Мурињо: Можеби за некои играчи сум лош, но никој не може да ги негира моите успеси

Независен - 24.04.2019

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо целосно разбира дека не е миленик на многумина, но и знае дека неговите успеси во спортот зборуваат доволно за неговиот имиџ. Португалскиот стручњак е на мислење дека некои аналитичари премногу ...

Откриен организаторот на „крвавиот Велигден“ на Шри Ланка

Независен - 24.04.2019

Главниот организатор на терористичките напади на Шри Ланка бил Инсхан Селаван, еден од бомбашите самоубијци, кој во неделата активираше експлозив во хотелот Шангри-Ла, изјави Ширал Лактхилака, советник на претседателот Маитрипала Сирисена.

Бр. 396

Независен - 24.04.2019

Download Best WordPress Themes Free Download Premium WordPress Themes Download Download Best WordPress Themes Free Download Download Premium WordPress Themes Free ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU= download huawei firmware Download WordPress ...

Погба им соопштил на соиграчите дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Независен - 24.04.2019

Пол Погба споделил пред своите соиграчи во Манчестер Јунајтед дека планира да го напушти клубот ова лето за да оди во Реал Мадрид. Информацијата е на „Екип“, каде се тврди дека „црвените ѓаволи“ се одлучиле да не застануваат на патот на Французинот, ...

Македонија го возвраќа ударот зашто ѝ треба правда

Независен - 24.04.2019

АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Огромниот изборен успех во неделата на професорката Гордана Силјановска-Давкова е најдобар доказ дека државата оди во вистинска насока! Успехот на Гордана се должи на нејзината јасна порака дека на Македонија ѝ треба правда.

Путин најави руски државјанства за Украинците од Доњец и Луганск

Независен - 24.04.2019

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е неприфатливо жителите на украинските региони Доњецк и Луганск да немаат права. Путин истакна дека Москва не сака да му создава проблеми на новото укаринско раководство.

УЈП: Можни се прекини на електронскиот систем за ГДП, но тоа не ги оштетува правата на корисниците

Независен - 24.04.2019

Краткотрајниот прекин на електронскиот систем за генерирање и доставување претпополнети даночни пријави (ГДП), како оној што се случи денеска од 09:30 часот до 10:30 часот, не нанесува штета на правото на корисниците, односно на граѓаните кои се ...

ИВЗ: Заев преку судот изврши упад во ИВЗ

Независен - 24.04.2019

Владата на чело со премиерот Зоран Заев изврши упад, пуч во Исламската верска заедница, обвини Муарем Вејсели од ИВЗ по решението на судот со кое се менува досегашниот Реис Сулејман Реџепи, а на негово место е именуван Скендер Бузаку.

Литургијата на папата Франциско на плоштадот ќе ја следат 15.000 посетители

Независен - 24.04.2019

Посетата на папата Франциско е огромна чест за нашата земја и за нејзина афирмација во светот, а е и во знак на одбележување на јубилејот 25 години од воспоставување на дипломатските односи со Ватикан.

Собранието го усвои законот за Изборниот законик вратен од Иванов

Независен - 24.04.2019

Пратениците во попладневниот дел од денешната 95. седница без дебата, во трето читање, ги изгласаа и законите за практиканство, за влада, за спорт, за финансиска поддршка на инвестициите, како и законот за Изборниот законик, кои претседателот на ...

Заев: Порака од граѓаните е слушната, ќе има реконструкција

Независен - 24.04.2019

Пораката на гласачите од првиот круг за претседателските избори е примена и прифатена и секако ќе реагираме, но да дадеме шанса на нашата држава, рече денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ги изборните резултати.

Разрешен избирачки одбор во Берово

Независен - 24.04.2019

Поради пропуст да се евидентира идентитет на гласач, Државната изборна комисија го разреши избирачкиот одбор за избирачкото место 0006 во Берово. Како што потврдија од ОИК Берово, причината за ваквата постапка е тоа што за време на гласањето, ...

Голема количина оружје најдено на нива кај Матејче

Независен - 24.04.2019

Министерството за внатрешни работи информираше дека на нива во близина на Матејче била пронајдена поголема колочина оружје. Вчера во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми ...

Владата ниту се мешала, ниту ќе се меша, во ниту една заедница, па ни во ИВЗ

Независен - 24.04.2019

Владата ниту се мешала, ниту има намера, ниту ќе се меша, во ниту една заедница, па и во ИВЗ. За нас поглавар на ИВЗ е оној кој со Уставот и законите на ИВЗ тоа го утврдуваат. Не е наше да толкуваме или да навлегуваме во тоа, рече премиерот Зоран ...

Во Скопје утре ќе се прска против комарци

Независен - 24.04.2019

Првата фаза од терестричната дезинсекција (од земја) против ларви од комарци во Скопје ќе се изврши утре, од 8 до 17 часот. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ...

Роналдо кажа кои шест фудбалери да бидат донесени во Јувентус

Независен - 24.04.2019

Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо се произнесе кои фудбалери да го донесе раководството на клубот за да се состави силен тим. Според „Мирор“ на листата на Роналдо се наоѓа 19-годишниот играч од средниот ред на Бенфика Жоао Феликс, ...

„Пипл“: Џенифер Гарнер е најубава жена за 2108

Независен - 24.04.2019

САД – Актерката Џенифер Гарнер (47), мајка на три деца, е најубава жена за 2018 година, според „Пипл“. Оскаровката и екссопруга на Бен Афлек, ја краси насловната страница на списанието и тоа во своето омилено издание – без шминка, а во разговорот ги ...

ДКСК со две прекршочни постапки против претседателот Иванов

Независен - 24.04.2019

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за ...

Премиерката на Шкотска ќе го претстави планот за нов референдум за независност

Независен - 24.04.2019

Премиерката на Шкотска Никола Старџен денеска ќе претстави план за нов референдум за независност од Велика Британија. Планот, кој ќе го претстави пред парламентот во Единбург се однесува на „Брегзит и иднината на Шкотска.

„Маџар телеком“ одложен за 8 мај поради здравствени проблеми на еден од сведоците

Независен - 24.04.2019

Поради здравствени проблеми на сведокот Стевица Јосифовски, денешното рочиште за предметот „Маџар телеком“ на Специјалното јавно обвинителство, се одложи за 8 мај, кога ќе сведочи професорот Борче Давитковски.

(Видео) Телохранителите на Ким го „гланцаат“ возот пред од него да излезе лидерот

Независен - 24.04.2019

Телохранителите на Ким Џонг-ун, кои севернокорејскиот лидер го допратија денеска до Владивосток, повторно го привлекоа вниманието на светските медиуми. Додека блиндираниот зелен воз полека влегуваше во станицата, агентите на Ким, во црни костуми и ...

Суд: Решението за промена на Реисот не е правосилно

Независен - 24.04.2019

Основниот суд Скопје 2, денеска, преку соопштение го појаснува решението за промена во раководството на Исламската верска заедница што доведе до тензии во таа институција. Од судот објаснуваат дека одлуката ја донеле врз основа на поднесена ...

Собранието усвои повеќе закони вратени од Иванов

Независен - 24.04.2019

Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на денешната 95-та седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за централен регистар на население и за ...

Дежурни билетарници на ЈСП за велигденските празници и за 1 Мај

Независен - 24.04.2019

Во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници ЈСП информира дека ќе има три дежурни билетарници на ЈСП „Скопје“. В петок (26.4.2019 година), в недела (28.4.2014 година), в понеделник (29.4.2014 година) и в среда (1.4.2014 година) ...

Обвинение за три лица кои извршија полов напад врз дете од гостиварско

Независен - 24.04.2019

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против три лица кои во март и јули 2018 година извршиле обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е одреден затворска казна од најмалку 12 години.

Конфедерацијата на синдикалните организации ќе одржи протест на 1-ви мај

Независен - 24.04.2019

Претставници на Конфедерацијата на синдикални организации најавија дека по повод 1-ви мај, Меѓународниот ден на трудот, ќе организираат протест. Маријан Ристески, претставник на Конфедерацијата, наведе дека оваа година синдикалните претставници ќе ...

Антиќ ќе го враќа сјајот на македонската кошарка

Независен - 24.04.2019

Кандидатот за претседател на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ денеска ја претстави својата програма доколку го добие мандатот на претстојното Изборно собрание. Поранешниот македонски репрезентативец вети враќање на клупската и ...

За десет дена кон Европа по автопат: Вучиќ најави отворање на Коридорот 10

Независен - 24.04.2019

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Пекинг најави дека за десет дена ќе биде отворен јужниот дел на Коридорот 10. „Би сакал да учествувам во отворањето на јужниот дел на Коридорот 10, за десет дена ќе биде завршен, за десет ќе може да ...

Амал Клуни предлага формирање меѓународен суд за терористи

Независен - 24.04.2019

САД – Познатата адвокатка и борец за човекови права Амал Клуни предложи во Хаг да се формира меѓународен суд за терористи, во кој би им се судело на терористите од т.н. Исламска држава, кои извршија геноцид и злосторства против човештвото во Сирија ...

Бојкотичарите за повикот на Силјановска: Нека дојде, да видиме дали ќе нѐ разубеди

Независен - 24.04.2019

Во изборната ноќ кога резултатите од гласањето покажаа израмнета битка меѓу двајцата кандидати поддржани од власта и опозицијата, професорката Билјана Ванковска, која важи за жесток поддржувач на колешката Гордана Силјановска – Давкова, реши да се ...

Основен суд 2: Одлуката за смена во ИВЗ не е правосилна

Независен - 24.04.2019

Одлуката за промена на Реис Ул Улема не е правосилна, односно течат рокови за жалба од 15 дена, соопштуваат од Основниот суд Скопје 2, по превирањата во Исламската верска заедница. „Потенцираме дека судот не врши промена, туку спроведува и потврдува ...

Победата и поразот како утешение грешним

Независен - 24.04.2019

ЕРОЛ РИЗАОВ Најлесно е да се прогласи победа пред избори. Особено на незавршени избори, кога има втор круг. Тоа на учесниците во натпреварот и на партиските лидери им е пресуден и најважен дел од кампањата да прикажат пред јавноста дека противникот ...

Органска храна и без алкохол: Лени Кравиц доаѓа во Скопје со личен готвач

Независен - 24.04.2019

Поп-ѕвездата Лени Кравиц доаѓа во Скопје два дена порано пред закажаниот концерт во Арената „Борис Трајковски“ , на 01-ви мај, заедно со неговата екипа составена од 60-тина луѓе, 10 камиони и 6 автобуси, бидејќи станува збор за големо шоу со масовна ...

(Видео) Пробиен превојот кон Галичник: На патот се издигаат снежни ѕидови високи по два метри

Независен - 24.04.2019

Дека е дојдена пролетта во Мавровскиот Регион се смета кога превојот Царевец на патот кон Галичник ќе биде пробиен. Снежните ѕидови некогаш се издигаат и до 4 метри висина. Делот кој со возило се минува низ снежниот тунел е навистина живописно ...

Прослава на животот на Горан Стефановски

Независен - 24.04.2019

Во чест на Горан Стефановски, на денот на неговото раѓање, 27 април, в сабота напладне во паркчето спроти ресторанот „Наџак“ (Идадија) во Дебар Маало ќе биде засадено дрво, ќе бидат прикажани негови фотографии, интервјуа, предавања, ќе се слуша ...

Започната е првата фаза од изградбата на булевар „АСНОМ“

Независен - 24.04.2019

Градот Скопје ја заврши постапката и започната е првата фаза од изградбата на булеварот „АСНОМ“, од мостот „Близнаци“ до реката Вардар што се очекува да биде готов до крајот на годинава, најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пред ...

Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат паушал ако живеат во нив

Независен - 24.04.2019

Ниту еден граѓанин кој живее во стан во негова сопственост што бил исклучен од системот за централно греење пред 31 март 2019 година нема да плаќа никаков трошок за испорака на топлинска енергија од системот за централно греење започнувајќи од ...

Бошњаковски : Владата не се меша во работите на верските заедници

Независен - 24.04.2019

Северна Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница.

Мухамед Зекири: Ова со ИВЗ е игра на ДУИ, криминалци бранат криминалци

Независен - 24.04.2019

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири смета дека случувањата околу Исламската верска заедница се провидна игра на ДУИ. „ИВЗ е посебна приказна, како што бива, криминалци си бранат криминалци.

Османи: Срамен упад во ИВЗ

Независен - 24.04.2019

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека тоа што се случи во Исламската верска заедница, по бурната вечер и обидот за разрешување на Реисот Сулејман Реџепи, е срамен упад во една верска заедница.

Момче од Висконсин освои 768 милиони долари на лото

Независен - 24.04.2019

Мануел Франко (24), од американската сојузна држава Висконсин, освои 768 милиони долари на американската лотарија „Пауербол”, која е третата најголема исплата во историјата на лотото во САД. – Почнав да полудувам.

Компании за преработка на храна добиле писма со опасна содржина

Независен - 24.04.2019

Данската полиција истражува повеќе писма кои содржеле неидентификуван прав и закани, и кои биле испратени од Белгија во неколку компании за преработка на храна во Данска. Уфе Стормли од данската национална полиција изјави дека во писмата има „опасна ...