TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Курдите потврдија дека склучиле договор со Дамаск за распоредување војници

МКД - 14.10.2019

Сириските Курди објавија синоќа дека склучиле договор со владата во Дамаск за распоредување сириска војска во близина на турската граница, на петтиот ден од офанзивата на Анкара против курдските сили на североистокот на Сирија.

Курдите ги менуваат сојузниците: Напомош повикан Дамаск

Deutsche Welle - 14.10.2019

Сириската влада испраќа трупи на границата со Турција за да им помогнат на курдските борци против турската офанзива во северна Сирија. Американските трупи забрзано се повлекуваат. Бројот на жртви во офанзивата расте Најавата претставува голем ...

Сириската војска тргнува да се соочи со „турската агресија“ на северот на земјата

МКД - 13.10.2019

Сириската војска испраќа единици на северот на земјата за да одговори на турскиот напад врз курдските милиции кој трае веќе пет дена, објави денес државната новинска агенција Сана. Агенцијата не објави детали за мобилизацијата на сириската војска ...

Курдите се договорија со Дамаск за спротивставување на турската офанзива

Р.С.Европа - 13.10.2019

Курдската администрација во северниот дел на Сирија соопшти дека постигнала договор со владата на Дамаск за распределување на сириски трупи во близина на границата со Турција за да се спротивстави на офанзивата на Анкара.

Меркел и Макрон бараат од Ердоган да ја сопре воената акција во Сирија

Р.С.Европа - 13.10.2019

Германија и Франција бараат од Турција итно да престане со воената операција во Сирија. Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побарала итно прекинување на воените дејствија затоа што и ...

Трамп воведува санкции за Турција поради воената интервенција во Сирија?!

Канал5 - 13.10.2019

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат остри санкции кон Турција поради воената операција во Сирија. -Средбите со бројните членови на Конгресот околу наметнување на силни и остри санкции за Турција дадоа резултати.

Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје на Турција нема да ја сопре офанзивата

МКД - 13.10.2019

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека ембаргото на оружје на Турција нема да биде доволно да се сопре офанзивата во Сирија. „Откако ја почнавме операцијата, се соочуваме со закани со економски санкции или ембарго на оружје.

Меркел на Ердоган: Веднаш сопрете ја воената операција во Сирија

МКД - 13.10.2019

Германската канцеларка Ангела Меркел денес во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара „воената операција во Сирија веднаш да прекине“, соопшти портпаролката на германската влада.

Сириската војска почна да праќа трупи против турската офанзива

Локално - 13.10.2019

Дамаск почна да ги преместува своите сили во пресрет на турските трупи кои изведуваат операција против Курдите во тоа подрачје, јави државната новинска агенција Сана. Медиумите пренесоа дека се разместуваат трупи на северот на државата.

Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Макфакс - 13.10.2019

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ќе одржи вечерва итен состанок на комитетот за одбрана, на кој ќе стане збор за турската офанзива на свероистокот во Сирија, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје нема да ја запре турската офанзива

Макфакс - 13.10.2019

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека ембаргото на оружје за Турција нема да стави крај на офанзивата во Сирија. „Од почетокот на операцијата се соочивме со закана од економски санкции или ембарго за оружје.

Трамп: Работиме на воведување силни санкции за Турција

А1 On - 13.10.2019

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека работи со Конгресот, вклучувајќи и претставници на Демократската партија, за наметнување „силни санкции за Турција“. – Министерството за финансии е подготвено.

Меркел со барање до Ердоган: Веднаш да запре офанзивата во Сирија

Нова ТВ - 13.10.2019

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веднаш да ја запре воена офанзива во североисточна Сирија и го предупреди за можна нестабилност во регионот и заживување на терористичката Исламска држава.

По Германија, и Франција забрани извоз на оружје во Турција

МКД - 13.10.2019

Франција објави дека ја прекинува продажбата на оружје на Турција и ја предупреди Анкара дека нејзината офанзива во северна Сирија ја загрозува европската безбедност. „Во очекување на крајот на офанзивата Франција реши да ги суспендира сите планови ...

МЕРКЕЛ ДО ЕРДОГАН: Веднаш да запрете со воената операција во Сирија

Слободен Печат - 13.10.2019

Анкара ја обвинува курдската милиција за поврзаност со Курдистанската работничка партија (ПКК), која ја смета за терористичка организација Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во телефонски разговор со турскиот претседател Таип Ердоган ...

Опсерваторија: Во Сирија настрадале 26 лица, меѓу кои и новинар

Локално - 13.10.2019

Најмалку 26 цивили загинале на северот на Сирија во офанзивата на турските и протурски сили против курдските борци, јави Сириската опсерваторија за човекови права. Опсерваторијата наведува дека меѓу настраданите е иеден нвинар но не прецизира од ...

Курдите – Најголем народ без сопствена земја

Вечер Прес - 13.10.2019

Курдите, кои никогаш не живееле под централизирана власт, се поделени во многу партии и фракции во овие четири држави. – Стремежот на Курдите за создавање на единствен Курдистан се манифестира преку националистичка идеологија Курдите се луѓе со ...

Tурската офанзива во Сирија би можелa да расели до 400.000 луѓе

Денешен - 13.10.2019

Турската офанзива против курдските борци во североисточна Сирија веќе принуди 130.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија денеска ОН, додавајќи дека тој број може да се зголеми на 400.000.

Критиката за потегот на Трамп во Сирија не стивнува

Р.С.Европа - 13.10.2019

Поранешниот министер за одбрана на САД Џим Матис кој си поднесе оставка поради несогласувања со претседателот Доналд Трамп, предупредува дека екстремистичките групи може да „ воскреснат “ по одлуката на Трамп да ја повлече војскатаод североисточниот ...

Турската офанзива – нова шанса за Путин

Слободен Печат - 13.10.2019

Нападот над сириските Курди за Ердоган би можел да има спротивен ефект, додека шефот на Кремљ, со повлекувањето на Американците, е во позицијата да направи договор, но има многу интереси кои треба да се подмират До третиот ден на турската офанзива ...

Ердоган: Ембаргото на оружје за Турција нема да ја запре офанзивата во Сирија

Република - 13.10.2019

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека ембаргото на оружје за Турција нема да биде доволно за да се стави крај на офанзивата во Сирија. – Уште откако ја започнавме операцијата, се соочивме со закана од економски санкции или ...

Чувањето заробеници на Исламска држава веќе не е наш приоритет, велат Курдите

Сакам да кажам - 13.10.2019

Сириските демократски сили (СДФ) објавија дека чувањето на заробените припадници на Исламска држава нема да биде приоритет ако продолжи турската офанзива во североисточна Сирија. Курдите, кои беа главни сојузници на САД во борбите кои доведоа до ...

Западните сили против Ердоган: Сѐ поголем број на земји воведуваат забрана за продажба на оружје на Турција

Точка - 13.10.2019

Откако нордиските земји реагираа и воведоа симболична забрана за продажба на оружје на Турција, истото го следат и двете најмоќни земји во Европската унија. Германија и Франција соопштија дека се стопира продажбата и извозот на оружје во Турција, ...

Ердоган: Операцијата во Сирија ќе трае додека не биде надмината заканата

Макфакс - 13.10.2019

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, пренесе агенцијата „Анадолија“. Ердоган во телефонскиот разговор со Џонсон ја претставил целта на операцијата „Извор на мирот“.

Протести на Курдите ширум Европа

Независен - 13.10.2019

Десетици илјадници Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во Франција, Шведска, Грција, Германија, Австрија, Швајцарија.

Го задолжија светот, за возврат ги предадоа и ги напуштија: Ова е приказната за Курдите

Слободен Печат - 13.10.2019

Курдите се најголем народ во светот кој нема своја татковина и држава. Ги има помеѓу 25 и 35 милиони припадници на оваа етничка група, распоредена долж планинскиот регион познат под името Курдистан.

Ќе оди до крај: Ердоган најави дека операцијата во Сирија ќе трае се додека не биде надмината заканата

Република - 13.10.2019

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонскиот разговор со британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Анкара ќе ја продолжи операцијата во Сирија сè додека целосно не се отстрани заканата од Курдската работничка партија (ПКК) и ...

Протести во Европа поради турската офанзива против сириските Курди

Нетпрес - 12.10.2019

Илјадници луѓе учествувале во саботата на протестите во повеќе градови во Европа против турската воена операција во северна Сирија, чија цел е потиснувањето на милициите на сириските Курди.

Во Сирија убиени 74 курдски борци !!

Канал5 - 12.10.2019

Бројот на загинати припадници на силите предводени од Курди во Сирија, кои се борат против турската офанзива се искачил на 74. Поголем број од нив се убиени во областа Тел Абједа на северот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови ...

Турција го отфрли предлогот на САД, не сака посредување за Сирија

Макфакс - 12.10.2019

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу ја отфрли понудата на претседателот на САД, Доналд Трамп за посредување помеѓу Анкара и единицата за народна заштита на сириските Курди, за да се стави крај на операцијата на Турција во Сирија.

Американски војници во Сирија под турска стрелба

Deutsche Welle - 12.10.2019

При напредувањето на турските трупи во северна Сирија, првпат под стрелба се најдоа и американски војници. Турскиот претседател Ердоган ја интензивира воената операција и покрај заканите со американски економски санкции.

Турците гранатирале американски позиции во Сирија

МКД - 12.10.2019

Додека западните лидери размислуваат за можни стратегии против Турција поради операцијата во Сирија, од турски позиции било пукано кон американските сили во Сирија, пренесуваат агенциите. Францускиот и американскиот претседател Емануел Макрон и ...

Огромен удар за Ердоган: Германија забрани извоз на оружје во Турција

МКД - 12.10.2019

Германија забрани извоз на оружје во Турција поради нејзината офанзива на северот на Сирија против курдската милиција ИПГ, објави германскиот неделник Билд ам зонтаг, пренесувајќи го соопштението на министерството за надворешни работи.

И Холандија забрани извоз на оружје во Турција поради офанзивата против Курдите

МКД - 12.10.2019

Холандија вчера привремено го суспендираше извозот на оружје во Турција поради воената офанзива на Анкара на северот на Сирија. Вицепремиерот Хуго де Јонге кажа дека холандскиот воен извоз ќе биде забранет за времетраењето на турската офанзива.

Турција не запира со офанзивата против Курдите и покрај притисокот од САД, гаѓана и американска база во Сирија

Сакам да кажам - 12.10.2019

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската офанзива против Курдите во североисточна Сирија ќе продолжи и покрај повиците од САД за нејзино запирање. Министерот за одбрана Мајк Еспер предупреди дека Турција би можела да се соочи со ...

Германија го забрани извозот на оружје за Турција

Р.С.Европа - 12.10.2019

Германија го забрани извозот на оружје во Турција како реакција по нападот на турските воени сили врз курдската полициска станица во североисточниот дел на Сирија, соопшти денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи.Турција ја започна ...

Арапската Лига и Франција со ново предупредување до Турција

Р.С.Европа - 12.10.2019

Франција и Арапската лига ја повикаа Турција да ја повлече воената офанзива во Сирија. Францускиот претседател Емануел Макрон предупредува дека турската офанзива може да предизика оживување на Исламската држава.

Американските сили под турски артилерски оган во Сирија

Р.С.Европа - 12.10.2019

Американските воени трупи во северно- источна Сирија се најдоа под артилериски оган од турските позиции, додека силите на Анкара продолжија со офанзивната битка против сириските Курди кои до неодамна беа сојузници на САД.

Офанзивата против Курдите се засилува

Тера - 12.10.2019

Турските сили на третиот ден од операцијата „Извор на мирот“ против курдските борци, навлегоа подлабоко во североисточна Сирија. Според извештаите, жртви има и на двете страни. Турција одбјави дека еден нејзин војник загинал, нарекувајќи го ...

Најмалку 30 цивили загинале во турските напади на северот од Сирија

Радио МОФ - 12.10.2019

Најмалку 30 цивилни жртви се регистрирани по турската воена офанзива на северот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права чие седиште е во Велика Британија. Тие додаваат и дека загинале 74 припадници на Сириските демократски сили, ...

Германија забрани извоз на оружје во Турција

А1 On - 12.10.2019

Германија забрани извоз на оружје во Турција поради турската воена операција во североисточна Сирија, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас. – Со оглед на турската воена офанзива во североисточна Сирија, сојузната влада нема да ...

Ситуацијата ескалира: Турската артилерија ги нападнала американските војници во Сирија!

Точка - 12.10.2019

Од Пентагон пристигна потврда дека турската армија извела артилериски напад на позициите на американската армија во Сирија, а некои функционери од Белата куќа тврдат дека Турција намерно ги нападнала американските војници.

Иран се нуди да посредува меѓу Курдите и Турците

Локално - 12.10.2019

Иран денеска понуди да посредува меѓу сириските Курди, Владата на Дамаск и Турција заради зајакнување на безбедноста по турско-сириската граница. Повикот на Иран доаѓа по четиридневната турска офанзива во северна Сирија против курдските сили.

Макрон: Итно да се запре турската офанзива во Сирија

Локално - 12.10.2019

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп за турската офанзива во Сирија и го предупреди дека последицата може да биде заживување на активностите на т.н. Исламска држава.

Турска артилерија нападна американски војници во Сирија

ММС - 12.10.2019

Од Пентагон пристигна потврда дека турската армија извела артилериски напад на позициите на американската армија во Сирија, а некои функционери од Белата куќа тврдат дека Турција намерно ги нападнала американските ...

Американските војници во Сирија под турски оган

Курир - 12.10.2019

Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците знаат дека се присутни Американци. Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина ...

Американските војници во Сирија под турски оган

Опсервер - 12.10.2019

Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците знаат дека се присутни Американци. Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина ...

Сирија: Американските сили под турски оган

Слободен Печат - 12.10.2019

Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина метри од американските војници. Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците знаат ...

Американските војници во Сирија под турски оган

24Инфо - 12.10.2019

Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците знаат дека се присутни Американци. Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина ...

Американските војници во Сирија под турски оган

А1 On - 12.10.2019

Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците знаат дека се присутни Американци. Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина ...