Српската Влада испратила синоќа барање до ФБИ и до Руската служба за безбедност (ФСБ) да спроведат независни истраги дали на протестот на 15 март во Белград бил употребен звучен топ, јави дописникот на МИА од Белград.
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за „Данас“ потврди дека полицијата сепак поседува звучно оружје, т.н. „звучен топ“, и дека овие системи се купени во 2021 година и се во сопственост на српското МВР.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа повторно се појави во емисија на телевизија „Пинк“, зборувајќи за актуелните случувања во неговата земја. Вучиќ се осврна на нападот на студентот Милош Павловиќ кој со денови кампува во Пионерскиот парк ...