Продолжува „Антивикенд програма“ на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“, заедно со пријателите. Оваа среда е посветена на електронски музики во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Настанот од 19 часот ќе почне со работилница за теремин.
Издавачката куќа „Мртов коњ“ најави серија настани во Скопје оваа недела, при што од денеска до 12 септември ќе се одржат неколку концерти и една работилница. Ќе има и гости од Хрватска, САД, Италија и Виетнам.
„Коњот сè побрзо галопира и носи поголем товар, за убаво, за подобри времиња. Следна недела имаме убава програма, сериозни импровизациски комбинации, од гараж-панк до експериментален ноиз. Ни гостуваат другари од Хрватска, Виетнам и Италија.