TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

По фантастичната партија против Порто, Дибиров се најде во идеалниот тим на колото

24 Ракомет - 30.09.2022

Поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров, кој ја игра првата сезона во дресот на Загреб, беше избран во идеалниот тим на 3. коло во Лигата на шампионите како најдобро лево крило. Дибиров со десет погодоци ги водеше „плинарите“ до победа против ...

Дибиров: Јас му се јавив на Ристовски и го побарав да дојде на трибините

Gol.mk - 30.09.2022

Тимур Дибиров со десет гола беше најзаслужен за победата на ППД Загреб на домашен терен против Порто на Никола Митревски во Лигата на шампионите. Ова беше прво славје за „плинарите“ во тековната сезона од елитното натпреварување.

Трите одбранети пенали на Митревски против Дибиров и Чупиќ

Оff.net - 30.09.2022

И покрај тоа што на 3 октомври полни 37 години, Никола Митревски продолжува да брани во врвна форма веќе трета сезона во дресот на Порто. Погледнете како им ги ловеше пеналите на двајцата поранешни вардарци на мечот против Загреб во ЛШ.

Стефан Ристовски беше поддршка за Дибиров и ППД Загреб

Екипа - 29.09.2022

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски додека се опоравува од повредата слободното време го искористи да го проследи натпреварот меѓу ППД Загреб и Порто во ракометната Лига на шампиони.

ФОТО: Ристовски со синот и Оршиќ го бодреше Загреб, се сретна и со Дибиров

Gol.mk - 29.09.2022

Ракометниот клуб ППД Загреб ја запиша првата победа во Лигата на шампионите, откако синоќа славеше против Порто на Никола Митревски. На оваа средба, присутен во „Арена Загреб“ беше и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Специјалитетот на Дибиров и фантастичната одбрана на Митревски

Оff.net - 29.09.2022

Порто го запиша и третиот пораз во третото коло од новата сезона во ЛШ, овој пат на гости против Загреб (29:23). Никола Митревски кој на 3 октомври полни 37 години повторно бранеше одлично и успеа да му фати два пенали на Дибиров и еден на Чупиќ.

Ристовски во живо ја гледаше симултанката на Дибиров, па со еден збор го опиша Русинот (Фото)

Дерби - 28.09.2022

Стефан Ристовски поради повреда не можеше да им помогне на своите соиграчи на двата натпревари против Грузија и Бугарија, а отсуството на капитенот и тоа како се почувствува во играта на македонската репрезентација.

Дибиров ја искина мрежата на Митревски

Вечер Прес - 29.09.2022

Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб, ја забележа првата победа во Лигата на шампионите, откако во рамките од 3. коло на домашен терен го победија Порто (клуб во за кој брани македонскиот голман Никола Митревски) со 29:23 (16:15).

Митревски е мајстор за пенали – им фати три на Чупиќ и Дибиров (ВИДЕО)

24 Ракомет - 29.09.2022

Порто загуби на гости кај Загреб, а една од светлите точки во редовите на португалскиот првак беше македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски. Тој запре осум удари на домашните ракометари, меѓу кои беа и три удари од пенал, на едни од ...