СДСМ реагираше дека одлуката на САД да ја паузира обработката на визи за 75 земји ја става Македонија „во периметар“ со држави како Сомалија и Сирија, оценувајќи дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ја довело земјата до ваков статус.
Стејт департментот на Соединетите Американски Држави ќе престане со обработка на имигрантски визи за граѓани од 75 земји, соопштија денеска американски медиуми. На листата на овие земји е и Македонија.
Администрацијата на Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на допис на американскиот Стејт департмент.
Стејт департментот ја паузира обработката на имигрантски визи за 75 земји во обид да се справи со апликантите за кои се смета дека веројатно ќе станат јавен товар, јавува Fox News. Меморандум на Стејт департментот, првпат виден од Fox News Digital, ...