На Москва, генерално, не ѝ е грижа како ќе завршат овие избори, имајќи предвид дека во САД е формиран двопартиски консензус кој се однесува на конфронтацијата со нашата земја, посочи портпаролката на руското МНР.
Русија мора да ја брани својата независност и нема време да чека Западот да ја разбуди својата совест, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува Танјуг. „Немаме време да чекаме.