Со натпреварот против Кипар, машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска од 18.30 часот ќе го започне настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од денеска до 15 август ќе се одржува во Гевгелија и Скопје.
Денеска во хотелите „Белви“ во Скопје и „Принцес“ во Гевгелија беа одржани официјалните технички состаноци со претставниците на сите 22 репрезентации учеснички. На состаноците беа финализирани сите организациски и натпреварувачки детали, со што и официјално завршија подготовките ...
Македонија е подготвена за почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се одржува во Гевгелија и во Скопје. Најдобрите млади европски селекции ќе се борат за пласман во елитната конкуренција, а македонските кадети ќе ...