Културниот и едукативен центар „Небрегово“ ја прошири својата културна и едукативна мисија со нова културно-туристичка манифестација, која ги поврзува зборот на книжевниот великан Блаже Конески и вонвременскиот звук на гајдата на Пеце Атанасовски.
Пеце Атанасовски е роден во Долнени на 25 октомври 1925 година. Тој беше македонски играорец и инструменталист, кој се смета за најпознат македонски гајдаџија и еден од најплодните собирачи на македонски народни песни и ора.
Во јули годинава, во текот на одржувањето на 50. јубилеен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп, Управниот одбор на КЕЦ „Небрегово“ и Управниот одбор на ФНИП „Пеце Атанасовски“ усвоија и потпишаа декларација насловена ...