Јавноста реагира по појавата на голем број негативни коментари на социјалните мрежи насочени кон 11-годишниот Виктор Митиќ од Србија, кој преку интернет објавува содржини поврзани со своето хоби – плетење.
Приказната за момчето Виктор, чија вештина за плетење го воодушеви целиот регион, доби неочекуван пресврт. Иако стана вистинска интернет сензација со брзина на светлината, Виктор се соочи со „студен туш“ од дигиталниот свет.