Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Годишниот собир на политичките и бизнис елитите во Давос доаѓа во време кога Европа се соочува со најголемиот тест досега во врска со односите со Вашингтон, неговиот економски модел и неговата безбедносна архитектура.
Светскиот економски форум по 56-ти пат ќе биде центар на глобалната моќ. Од утре, 19 јануари, па сè до 23 јануари, швајцарскиот Давос ќе ги собере водечките луѓе од политиката и бизнисот под мотото „Во духот на дијалог“.
Светскиот економски форум (World Economic Forum) во Давос почнува денеска и ќе трае до 23 јануари 2026 година. Ова е 56-тата годишна средба на форумот, која се одржува во Давос-Клостерс, Швајцарија под мотото „Во духот на дијалог“, со учество на ...