Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 октомври. Покрај 12-те врховни апостоли, Христос испрати уште 70 други да го објавуваат спасението на сите нешта. Меѓу нив беа и овие, кои Црквата ги слави денес.
Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно.
Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул се ранохристијански светци кои се сметаат за ученици на Светиот апостол Павле и се спомнуваат во различни христијански текстови и житија.