„Се избезумив!“, изјавила Холи ЛаФејверс за New York Times, откако открила дека нејзиниот син Лијам, додека таа готвела, се играл со нејзиниот телефон и по грешка направил огромна нарачка.
Осумгодишно момче од американската сојузна држава Кентаки случајно нарачало 70.000 лижавчиња преку Амазон, а неговата мајка ја открила оваа нарачка кога веќе било доцна и пратката го напуштила магацинот.
Жителка на Кентаки била изненадена од глетката пред семејната куќа, а кога прочитала што пишувало на кутиите, сè ѝ било јасно. Едноставна детска игра за малку ќе се претворела во скапа збрка кога Лиам, второодделенец, случајно нарачува неверојатна ...