Во почетокот на четвртиот век, за време на царувањето на Диоклецијан и Максимијан, свети Антим веќе беше седокос старец. Тој инаку беше епископ на Никомидија онаа Никомидија која во текот на гонењето при спомнатите цареви даде голем број маченици.
Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана, имаше љубов кон сите, мир со сите, благоразумност во сè, ревност кон славата ...
Светата маченичка Василиса Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ? го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена.