Маж (52) и жена (38) починаа од труење со храна во јужна Италија. Уште осум лица се однесени во болница, а некои од нив се борат за живот. Маж е по потекло од Неапол, а жената е од покраината Козенца.
Двајца починати, а повеќе од 12 луѓе се хоспитализирани поради сомнение за труење со храна во близина на Козенца, во југозападна Италија. Најкритична е ситуацијата во туристичкиот град Дијаманте, каде што две лица се борат за живот.
Според извештаите, пациентите покажале класични симптоми на ботулизам, како што се нарушувања на видот и повраќање.Појавата на труење со храна, со центар во Дијаманте, туристичко одморалиште на тиренското крајбрежје во близина на Козенца, одзеде два ...