Баерн Минхен прими пет гола на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и со катастрофален пораз го заврши настапот во германскиот куп. Баварците одамна не доживеале ваков пораз, а епилогот е неочекуван и поради фактот што настапија со силен состав.
Фудбалерите на Баерн Минхен го претрпеа еден од најтешките потези во својата клупска историја, во рамките од 1/16 финалето во Купот на Германија се елиминирани на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со дури 5:0.
Борусија Дортмунд постави цена од 120 милиони евра за англискиот талент Џуди Белингам, пренесува „Билд“. Белингам се етаблираше во еден од најважните играчи на Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Ливерпул.
По се изгледа по крајот на сезоната Корентин Толисо ќе го напушти Баерн Минхен, после пет откако пристигна во клубот. Баерн за него плати 40 милиони евра во 2017-та година на француски Лион, но поради повреди одигра само 101 натпревар.