Во врска со Изборниот законик, Касами рече и дека како претставник на коалицијата Вреди се заложил да се овозможи гласање на дијаспората, затоа што се важен чинител и економски многу придонесуваат за земјата.
Носителот на листата и политички лидер Билал Касами изнесе конкретен став по завршување на лидерската средба во Клубот на пратениците, поврзан со иднината на т.н. „пржинска“ или техничка влада.
Коалицијата „Вреди“ на денешната лидерска средба излезе со став за итно укинување на техничката (Пржинска) влада. Доколку не се постигне консензус меѓу сите партии, тие предлагаат овој модел да се примени за претстојните редовни избори, а потоа ...