TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фејсбук ќе блокира реклами кои нудат лажни лекови за корона вирусот

Сител - 26.02.2020

Фејсбук донесе одлука да ги забрани сите реклами кои нудат лажни лекови за корона вирусот како и објави кои создаваат паника и состојба за ургентност за купување на одредени производи кои наводно помагаат за заразата.

Во Косово нема ниеден заразен со коронавирус

Либертас - 26.02.2020

Националниот институт за јавно здравство на Косово објави вечерва дека ниту едно лице кое досега било хоспитализирано под сомнение дека е носител на коронавирусот не е заразено од тој смртоносен вирус , јави дописникот на МИА од Приштина .

Првпат поголем број новозаразени надвор од Кина отколку во неа

МКД - 26.02.2020

Денеска има повеќе новозаразени со коронавирус надвор од Кина отколку во неа, што е голем пресврт во меѓународното ширење на ковид-19, пренесува Светската здравствена организација. Нови случаи на коронавирус се појавуваат низ цела Европа.

Во Солун прв случај на коронавирусот, во Италија се заразени 5 малолетници

24 Вести - 26.02.2020

Се повеќе европски земји информираат за нови потврдени случаи со коронавирусот. Хрватска утринава соопшти за уште еден, втор пациент инфициран со смртоносниот вирус. Станува збор за брат близнак на момчето на кое вчера му беше дијагностициран ...

Италија стигна до бројката од 400 заразени, бебе родено од заразена Жена негативно на коронавирус

Сакам да кажам - 26.02.2020

Италија побара меѓународна помош во своите напори да го запре ширењето на коронавирусот откако бројката заразени во земјата порасна на 400. Исто така, тој се појави во многу европски земји, а стигна и до Бразил, токму преку луѓе кои неодамна биле во ...

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Макфакс - 26.02.2020

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж кој работел во Италија, а сместен е во Риека. „Од Клиниката за инфективни болести „Др.

Трет случај на заболен од коронавирус во Хрватска

Р.С.Европа - 26.02.2020

Трет случај на заразен од коронавирусот е регистриран во Хрватска, соопштија властите, посочувајќи дека заразениот маж е сместен во болница во Риека, а работел во Парма во Италија, јавува МИА.

Експертите од Рим порачуваат: Здрав разум, миење раце и кашлање во марамче

Макфакс - 26.02.2020

Претставниците на ЕУ, италијанските власти, СЗО и Европскиот центар за превенција и контрола на болести од состанокот во Рим порачаа дека не треба да се раководи со паника туку со здрав разум, кога станува збор за коронавирус или Ковид-19.

Училиштата затворени, маркетите празни – како изгледа животот во Италија откако се појави коронавирусот?

ТВ21 - 26.02.2020

Затворени училишта, маркетите се празнат во попладневните часови и изолација од јавните места. Вака живеат граѓаните на Италија во градовите погодени од коронавирусот. Во Италија живеат 64 илјади државјани на Северна Македонија, а една од нив е и ...

Предупредување од СЗО: За првпат од појавата на вирусот, бројот на заразени во светски рамки го надмина бројот на ...

Локално - 26.02.2020

Бројот на случаи на инфекција со коронавирус на дневна основа во светски рамки го надминува бројот на заразени во Кина за првпат, соопшти Светската здравствена организација. – Од Кина, има 3790 коронавирусни инфекции во 37 земји, вклучувајќи и 44 ...

Факти за коронавирусот

Бриф - 26.02.2020

Место за внимание и мерки за претпазливост секако дека треба да има, но не и место за паника и хистерија. Најмалку за политичко профитирање!!! *Од овој вирус заклучно до вчера се заразени 79 300 лица во целиот свет.

ФА ќе го казни Деле Али за контроверзното видео за корона вирусот

TopSport - 26.02.2020

Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али е обвинет од страна на англиската Фудбалска асоцијација за контроверзното расистичко видео кое го постави на социјалните мрежи, потсмевајќи се на Азијатите за корона вирусот.

Совет на д-р Митов: Како да се зашитите од коронавирусот (ВИДЕО)

Денешен - 26.02.2020

Д-р Александар Митов, објави видео преку кое ги советува граѓаните како да се заштитат од коронавирусот и што треба да знаат за него. Погледнете го ...

Забранети посетите на Детска клиника поради опасност од ширење на коронавирусот

360 степени - 26.02.2020

Поради опасноста од ширење на коронавирусот, на Клиниката за детски болести од попладнето се забрануваат посети на малите пациенти. Забраната следува откако денеска се потврди првиот случај на заразен од коронавирус во Македонија.

Велковски за Коронавирусот: Ќе ја пребродиме оваа криза, институциите се подготвени

Локално - 26.02.2020

Во однос на нашата економија се надевам нема да добие значајни пореси поради појавата на Коронавирусот. Малку сме и поодалечени од сите жаришта на овој вирус. Доколку има некакви потреси, ние ќе имаме многу ниско ниво, дури може и да искористиме ...

ВИДЕО: Како полициските службеници вршат контрола на патниците поради коронавирусот на граничниот премин „Блаце“

Точка - 26.02.2020

Екипата на „ТВ21“ денеска била во посета на граничниот премин „Блаце“ за да провери како полициските службеници вршат контрола за влез и излез од државата со оглед на брзото ширење на коронавирусот.

Во Финска потврден првиот случај на коронавирус

Нетпрес - 26.02.2020

Првиот случај на зараза со новиот сој коронавирус Covid-19 е потврден во средата во Финска, кај лице кое се вратило од Милано, соопшти финскиот Национален институт за здравствено и социјално осигурување (THL).

Македонците стравуваат од коронавирусот: Погледнете како изгледаат маркетите денеска

Точка - 26.02.2020

Министерството за здравство денеска потврди прв случај на коронвирус во нашата земја. Поради сериозноста на овој вирус, Македонците веднаш почнаа да преземаат мерки за да се заштитат, иако од Министерството апелираат дека нема простор за паника! Од ...

ССМ апелира за почитување на препораките за заштита од коронавирусот

А1 On - 26.02.2020

Имајќи ги превид препораките и заклучоците на Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство за коронавирусот, најновите случувања во светот и регионот, каде државите превземаат соодветни превентивни мерки се со цел заштита на ...

Двете починати лица во Франција имале и други болести

+инфо - 26.02.2020

Во Франција од почетокот на кризата со коронавирусот, потврдени се 17 случаи, 11 се излекувани, 4 се сеуште на болничко лекување и две лица починаа. Двете починати лица боледувале и од „други болести”, јави дописникот на МИА.

Коронавирусот го создаде глобализацијата, ќе го сопре здравиот разум

Окно - 26.02.2020

Засега во светот има нешто повеќе од 80 000 заразени со коронавирусот, а битката за живот ја изгубија 2 700 луѓе. Станува збор за смртоносна епидемија која молскавично се шири, но секако не е најлошата во историјата, тврди реномираниот хрватски ...

Се тестира вакцината против коронавирус: Употребата достапна за 12 месеци?

Локално - 26.02.2020

Американската биотехнолошка компанија „Модерна“ произведе експериментална вакцина против коронавирус и ја испрати до американските владини научници за тестирање, објави Си-Ен-Ен, а пренесе N1.

Мерки низ училиштата за заштита од корона вирусот, но нема сапуни!

Алсат-М - 26.02.2020

По препорака на Владата и Министерството за здравство во многу училишта во земјава денес се одржаа едукативни часови за заштита од коронавируотс. Иако не сакаа да зборуваат пред камерите, наставниците истакнаа дека наставата била посветена на ...

Македонците започнаа да ги празнат продавниците (ФОТО)

Слободен Печат - 26.02.2020

Откако денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филпче потврди дека во Македонија е регистриран првиот случај на новиот коронавирус , во некои од скопските маркети може да се забележи засилена фрекфенција и зголемен број на купувачи.

Трет случај на коронавирус во Хрватска

Нетпрес - 26.02.2020

Клиниката за инфективни болести „Др Фран Михаљевиќ“ во Загреб го потврди во средата третиот случај на зараза со новиот тип коронавирус, соопшти хрватскиот Штаб на цивилна заштита. Станува збор за маж кој работел во италикјанскиот град Парма, а сега ...

Папата се ракуваше со верниците, насобраните во Ватикан носеа маски

Бриф - 26.02.2020

Ватикан продолжува со реализација на плановите со папата Франциск и одбележувањето на „пепелница“, или првиот ден од католичкиот велигденскиот пост која секогаш се паѓа во среда, а мисите во другите делови на Италија се откажани заради коронавирусот.

Вистината за КОРОНА ВИРУСОТ и практични препораки

Пулс24 - 26.02.2020

Превземено…за КОРОНА вирусот – ВАЖНО ИНФО!!! Постот е преземен Чичко на мој соученик, работи во болницата Шенжен. Тој е однесен таму за да го проучи вирусот на пневмонија во Вухан. Само што ми се јави и ми рече да им кажам на моите пријатели: Ако ви ...

Идентификувани патниците кои патувале со заразената од коронавирус (ВИДЕО)

Expres - 26.02.2020

Министерот Филипче на вонредната прес-конференција вечерва информираше дека сите патници со кои патувала жената заразена со корона вирус се идентификувани и се тестирани. Сите тие ќе останат дома се додека не се дознаат резултатите.

Трет случај на заразен од Ковид-19 во Хрватска

А1 On - 26.02.2020

Трет случај на заразен со новиот коронавирус е регистриран во Хрватска, соопштија властите. Лицето кое е заразено е сместено во болница во Риека. Се работи за маж кој работел во Парма во Италија, соопштија властите.

Изолациона соба на граница против коронавирусот – автобусите не превезуваат Кинези, Италијанци и Грци

ТВ21 - 26.02.2020

Патниците кои во изминативе две недели ги посетиле државите во кои е потврдено присуство на коронавирусот ќе бидат запрени на границата Блаце, ќе бидат изолирани во оваа сала и ќе бидат испрашувани од полицајци, а не од лекарски тимови.

Според возраста, колкави се шансите да се заразите со коронавирус?

+инфо - 26.02.2020

Ако имате 85 години, тоа значи дека имате 0,7 отсто шанси воопшто да се заразите со вирусот, па ако го фатите, тогаш имате уште 14,8 проценти шанси да умрете од него, односно вкупно 0,103 проценти се шансите да умрете од тој вирус.

Русите на чекор до вакцина против коронавирусот! Развиле 5 прототипови, и работат со полна пареа...

Точка - 26.02.2020

Русија го утврдила видот на коронавирусот и моментално се работи на развој на вакцината, а веќе постојат пет прототипови, изјавила вицепремиерката на Русија, Татјана Голикова. Како што истакнала, иако постојат пет прототипови на вакцината сепак и ...

Најголемата мистерија денес: Сите сакаат да знаат од кого тргна коронавирусот, а вака настанал “нултиот пациент“

Точка - 26.02.2020

Кинеските власти првобитно истакнале дека првиот случај бил евидентиран на 31-ви декември. Коронавирусот според последните податоци однел 2.763 животи, над 81.000 се заразени. Меѓутоа, и понатаму не е познато кој е “нултиот пациент“ .

Хрватски научник од СЗО: Потребна е претпазливост, но никако паника за коронавирусот

Слободен Печат - 26.02.2020

„Ако новиот коронавирус со тек на време целосно се прошири во Хрватска и да успее да ги заобиколи бројните мерки за превенција кои во моментов се во сила, бројот на жртви, отприлика, би бил споредлив со бројот на жртви од грип или сообраќајни патни ...

СЗО: Меѓународната соработка клучна во борбата против коронавирусот

Макфакс - 26.02.2020

Светслата здравствена организација и Светската туристичка организација во заедничка изјава повикаа на сите светски региони на одговорност и кооринација поради понатамошното ширење на коронавирусот, порачувајќи дека во туристичкиот сектор, како и во ...

Европа регистрира потврдени инфекции со коронавирус

MTM - 26.02.2020

Уште неколку европски земји ги прогласија првите случаи на заразени од коронавирус. Се претпоставува дека сите тие се поврзани со епидемијата во Италија. Австрија, Хрватска, Швајцарија, Грција и Македонија веќе објавија дека случаите се однесуваат ...

Фејсбук забранува реклами за лекови и превенција од коронавирусот

+инфо - 26.02.2020

Од Фејсбук сооштија дека ќе забранат реклами за новиот коронавирус во кои се говори за лекување или превенција на заболувањето и оние кои создаваат итност околу ситуацијата. Фејсбук објави дека ќе ги избрише содржините за вирусот со лажни информации ...

Сите здравствени установи во Грција ги отповикаа вработените од редовите отсуства

Слободен Печат - 26.02.2020

Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, се одложуваат и се отповикуваат редовните отсуства, слободни денови или одмори на вработените во болниците, здравствените установи, како и во самото министерство, јави дописничката на ...

Трет заразен со коронавирус во Хрватска: Маж кој работи во Парма е хоспитализиран во Риека

Слободен Печат - 26.02.2020

Во Хрватска е потврден трет случај на коронавирусот. Станува збор за маж кој работи во Италија, а е сместен во Риека. – Од Клиниката за инфективни болести „Др.Фран Михаљевиќ“ во Загреб, докажан е третиот случај на заразен со новиот коронавирус.

Прв случај на коронавирус во Грција

MTM - 26.02.2020

Грчките власти го потврдија првиот случај на инфекција со новиот коронавирус, објави Ројтерс. Тоа е 38-годишна жена која патувала во Италија. Таа е хоспитализирана во Солун. Информациите ги објави министерот за здравство во земјата.

Во 20:30 часот нова прес конференција во Влада во врска со првиот случај на коронаврус во Македонија

ТВ21 - 26.02.2020

Во 20:30 часот ќе се одржи нова прес конференција на која ќе бидат соопштени последните информации во врска со првиот потврден случај на смртоносниот коронавирус во Македонија, дознава ТВ21.

(ФОТО) Хистеријата почна: Гужви во маркети и аптеки, се купува брашно, леб, маски, медицински алхохол

Скопје1 - 26.02.2020

Откако денеска министерот за здравство Венко Филпче потврди дека во Македонија е регистриран првиот случај на коронавирусот, во маркетите може да се забележи зголемен број на купувачи. Купувачите попладнево ги празнат рафтовите во маркетите.

Потврден прв случај на коронавирус во Јужна Америка

Р.С.Европа - 26.02.2020

Бразилското министерство за здравство денеска го потврди првиот случај на заразен со новиот коронавирус (КОВИД-19) во Јужна Америка, а станува збор за 61-годишен маж кои неодамна ја посетил Италија. Лицето се наоѓа во болница во Сао Паоло.

Италија: Шест деца позитивни на новиот коронавирус

+инфо - 26.02.2020

Шест деца се позитивни на новиот коронавирус, изјавија неименувани извори за италијански медиуми. Повеќето случаи доаѓаат од „жариште“ во округот Лоди, кое е во карантин поради епидемија во северна Италија.

Уапсени 24 лица во Иран за ширење на гласини и лажни вести за коронавирусот на Интернет

MTM - 26.02.2020

Властите во Иран уапсија 24 лица обвинети дека кружат гласини на Интернет за ширење на коронавирусот во земјата, пренесуваат медиумите. Земјата се бори да добие контрола врз појавата која енормно расте, во која веќе се загубени 19 животи минатата ...

Хрватска: Потврден третиот случај на коронавирус во Ријека

ТВ21 - 26.02.2020

Во Хрватска е потврден третиот случај на коронавирус. Се работи за маж кој работи во Италија, а е сместен во болницата во Ријека. Од Клиниката а инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“ во Загреб велат дека докажан е третиот случај на заразен со ...

Сѐ уште не се знае кој е „нултиот пациент“ во епидемијата на коронавирусот

МКД - 26.02.2020

Кинеските власти и експертите не го знаат потеклото на актуелната епидемија на коронавирусот, односно не знаат кој е „нултиот пациент“. Тоа е израз со кој се опишува првото заразено лице со вирус или бактериска болест во некоја епидемија.

Фејсбук забранува рекламирање на содржини кои шират паника за коронавирусот: Рампа и за лажните гаранции за лечење на ...

Точка - 26.02.2020

Фејсбук забрани рекламирање содржини кои креваат паника односно “се обидуваат да создадат чувство на хаос“ во врска со коронавирусот или пак “ветуваат“ лечење на истиот. Тоа се некои од мерките кои што компанијата ги презела со цел да се намалат ...

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Макфакс - 26.02.2020

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај на заболен од коронавирусот. „Сите државни служби се во целосна подготвеност, нема причина за паника ...

Албанија: 13 сомнителни случаи за коронаврус – сите негативни, издвоени дополнителни милион долари за опрема

А1 On - 26.02.2020

Во Албанија тестирани се 13 патници како сомнителни, а биле на патувања во земји погодени од новиот коронавирус. До денеска нема потврден случај на Ковид-19, изјави заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли.