TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Протест - „НЕ“ за давачките на хонорарците

24 Вести - 22.12.2014

Заврши протестот на новинари, преведувачи, актери, музичари, граѓански активисти, членови на невладини организации и граѓани револтирани од законските измени со кои 35 отсто од хонорарите ќе мора да ги остават на државата.

Река од граѓани на денешниот протест во Скопје против законот за хонорарци

Нова ТВ - 22.12.2014

„Лебот ни го зедовте“, „Уаа лопови“, „Ајдуци“, „Нема да ви плаќаме“, се само дел од извиците кои ги упатуваа над 3.000 граѓани кои протестираа поради измените во законот за хонорарци. Протестот започна во 12 часот и рутата се движеше од Собрание на ...

Протести на хонорарците: Не сме економско робје!

Призма - 22.12.2014

„Продавам бубрег за да платам придонеси“, „Твој данок нивна иднина“, „35 % за барок и за бронза“, „Хонорарците не се богаташи“ беа само дел од транспарентите што ги носеа револтираните хонорарни работници Неколку илјади претставници од невладини ...

Хонорарците ѝ фрлија пари на Владата, неколку илјади граѓани протестираа против новите давачки

Радио МОФ - 22.12.2014

Неколку илјади граѓани денеска протестираа против законските измени со кои за сите хонорари ќе треба да се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување. „Доста нè крадете“, „Ова е само почеток“, „Социјална правда“, „Намалете ги хонорарите ...

ОБНОВЕНО: (ВИДЕО) Протестот против давачките за хонорарците се помасовен

Нова ТВ - 22.12.2014

„Ова е само почеток“, „Доста нè крадете“,„Социјална правда“, порачаа повеќе од 3.000 демонстранти пред Влада против измените на Законот за придонеси со кои треба да се зголемат давачките за хонорари.

Галерија: Граѓаните кажаа гласно „не“ за плаќање придонеси за хонорарите

Фокус - 22.12.2014

Повеќе од 2.000 граѓани се собраа на протести, за да го изразат незадоволството од законските измени кои предвидуваат 35 отсто од хонорарите да одат кон државата и нејзините фондови како придонеси за здравствено и пензиско ...

ВИДЕО: Хонорарците излегоа на улица - "НЕ за државен рекет"

Факултети - 22.12.2014

Фото - Радио слободна Европа Хонорарците денеска во 12 часот излегоа на улица. Протестот започна од паркот Жена-борец (Собрание на РМ), па помина покрај Министерството за труд и социјала, и на крај заврши пред зградата на Владата.

Чаусидис: Сакаат да ги замолчат новинарите

Фокус - 22.12.2014

Кога сакаат да тепаат, прво устата ја затвораат, па затоа новинарите им се цел – да не известваме кога ќе ве боли, рече претседателката на новинарскиот синдикат на денешниот протест. Со пораката„Нема да ви плаќаме“ и со фрлени железни пари кон ...

[Фото] Повеќе од две илјади граѓани протестираат поради новите давачки за хонорарите

Радио МОФ - 22.12.2014

Повеќе од две илјада граѓани излегоа на најавениот протест против измените на Законот за придонеси со кои треба да се зголемат давачките за хонорари. Извикувајќи „Доста н è крадете“,„Социјална правда“, „Народот го крадете“ тие се движат од Жена парк ...

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: „35 отсто за повеќе барок и бронза?“

Нова ТВ - 22.12.2014

Над 500 луѓе од разни професии во моментов протестираат поради измените во законот за хонорарци. Маршутата - од Собрание, продолжува до Министерството за труд и социјална политика се до Влада.

Хонорарците протестираа против зголемените давачки

Нова Македонија - 22.12.2014

Неколку илјади учесници се собраа на протестот против зголемувањето на давачките за хонорарите од 10 на 35 отсто, што се одржа во центарот на Скопје Маршот почна од паркот „Жена-борец“ спроти Собранието, од каде што колоната се движеше до зградата ...

[Галeрија] Хонорарците пред Влада – „Доста нè крадете!“

Радио МОФ - 22.12.2014

Повеќе од две илјади демонстранти стигнаа пред зградата на Владата. Присутните симболично фрлаат пари кон зградата во знак на револт од изградените споменици, наспроти најавите за нови давачки за хонорарците и извикуваат „Доста нè крадете“, „Доста ...

Почна протестот на хонорарците

Фокус - 22.12.2014

Невладините организации што го организираат овој протест сметаат дека законското решение за одлевање на 35 отсто од хонорарот за придонеси е неповолно, дискриминаторско и антиуставено. Стотици граѓани се собраа во Жена Парк, за да го изразат ...

Кога светците маршираат - повторно!

Нова Македонија - 22.12.2014

Ова е заводливо време во кое одѕвонуваат звуците на „Светците маршираат“ и стиховите „некои велат дека овој свет на неволји е единствениот што ни е потребен, но јас го чекам она утро во кое ќе се разоткрие новиот свет“.

Савевски: Се надевам ќе не чуе народот што сакаат да го ограбат

Фокус - 22.12.2014

Протестот на хонорарците од Жена-парк се помести кон собранието, од каде ќе продолжи кон Министерството за труд и социјална политика. Кога неколку жени се пожалија дека им смета голиот Прометеј, му ставија гаќи од 100.000 евра, па се надевам и нас ...

Протест на хонорарците: Заедно сме посилни!

Фокус - 22.12.2014

Оние што протестираат ги повикуваат сите граѓани и случајни минувачи да им се приклучат. „Заедно сме посилни“, извикува топлата што протестира против владината законска интервенција за плаќање на придонеси од страна на хонорарците.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Протест против измените за давачките на хонорарците

Нова ТВ - 22.12.2014

Протестот го поддржуваат Синдикатот на новинари на Македонија, Здруженито Ленка, „Солидарност“ и Студентски пленум. На протестот се присутни и професори, академици, уметници, новинари и други познати јавни ...

(Галерија) Хонорарците порачаа: Не ги плаќаме придонесите

еМагазин - 22.12.2014

Новинари, актери, издавачи, „фриленсери“, уметници денеска протестираа против плаќањето проднеси од 35 отсто од хонорарната заработка, Закон кој треба да стапи на сила од 1 јануари. Излезените граѓани преку мирен и гласен протест кажаа НЕ за ...

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО Народот се собра да каже „не“ за плаќање придонеси за хонорарите

+инфо - 22.12.2014

„Народот го крадете“ ечи пред Собрание на Република Македонија, каде граѓаните се собраа на мирниот протест против одлуката на Владата за измени за плаќање придонеси за хонорарите. Протестот почна пред споменикот на Прометеј во Жена Парк.

Бранувања околу хонорарите: закон за работнички права или државен профит

Deutsche Welle - 22.12.2014

Кој ќе ќари повеќе од законот за придонеси за хонорарците, работниците или државата? Синдикатите во Македонија повторно се поделија. Дел од невладините на нозе, експерти се сомневаат во уставноста на решението.

Протестот започна

Вечер Прес - 22.12.2014

Неколку стотици граѓани денес се собраа во паркот "Жена Борец" на протест против воведувањето придонеси за хонорарците од 1 јануари 2015. Протестот го организираат околу 15 граѓански здруженија и синдикати потписници на социјалната повелба.

Протест против плаќањето придонеси на хонорарите

Макфакс - 22.12.2014

Протест против новата одлука за плаќање придонеси на хонорарите е закажан за понеделник, 22ри декември. Предвидено е протестот да започне во 12 часот во паркот Жена борец (Жена парк), спроти Собранието, а ќе се движи преку Министерството за труд и ...

Утрешен „Слободен печат“: Студенти, хонорарци и вработени на марш против касапењето на хонорарите

+инфо - 21.12.2014

Во нoвиот број на Слободен печат читајте: - Студенти, хонорарци и вработени на марш против касапењето на хонорарите - Познати светски професори им дадоа поддршка на македонските студенти - Руски владика, шеф на дипломатијата на Руската црква, го ...