Каде завршуваат парите на битолчани? Зошто вториот по големина град во државата не им ги враќа парите на граѓаните? Овие прашања се отвораат по денешното објавување на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Податоците се фрапантни.
„63 општини во земјава лани потрошиле 4.056.482 евра за разна финансиска поддршка и дотации за жителите во општините. Ова е за речиси еден милион евра повеќе отколку во претходната 2024 година“, се наведува во новото истражување на Центарот за граѓански комуникации.
Вкупно 63 општини во земјава во текот на минатата година издвоиле 4.056.482 евра за различни видови финансиска поддршка и дотации за своите жители. Сумата е за речиси еден милион евра повисока во однос на 2024 година, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански ...